Идната принцеза во солзи: Нема кој да ја испрати до олтар, татко и на денот на свадбата ќе биде на операција

Добивај вести на Viber

Таткото на Меган Маркл (36), Томас (73), изјави дека нема да дојде на свадбата на неговата ќерка со британскиот принц Хари (33). Постојат две причини за ова.

Првата беше благ срцев удар кој му се случи пред една недела поради стрес. А втората е тоа што се дозна дека агенција му платила да го направи сето ова само за да добие публицитет. Очигледно тој не сака да ја посрамоти својата ќерка и кралското семејство уште повеќе и зажали што земал пари од агенцијата. Тој тврди дека парите не биле главен мотив, туку сакал јавно да го подобри својот имиџ.

Томас вели дека срцевиот удар бил втор што го доживеал и дека се случило поради стрес. Наводно брзо излегол од болницата за да оди на свадба во Лондон, но сега тој вели дека не сака да дојде.

Но, и покрај неговите тврдења дека претрпел срцев удар, британскиот Daily Mail дознава дека Томас Маркл не бил пријавен во болница на ден кога тој рече дека имал срцев удар, но го поминал денот во својот дом во Росарито.

Два дена подоцна бил фатен како купува оброк и газиран пијалок во Мекдоналдс, а потоа застанал во KFC.

„Ова е длабоко интимен момент за г-ѓа Маркл неколку дена пред свадбата. Таа и принцот Хари уште еднаш молат за разбирање и почитување на г-дин Маркл во оваа тешка ситуација", се вели во соопштението од палатата Кенсингтон.

Инаку последните информации кои се појавија во светските медиуми велат дека на Томас ќе му биде вграден стент на денот на кралската свадба.