Иднина без пушење: Како да се намалат штетите од тутунот?
Намалувањето на штетите не е трендовски концепт, туку решение кое се применува долги години, со цел да се минимизира ризикот од штети предизвикани при секојдневните активности. Овој концепт се применува во сите области, како што е носење безбедносни појаси и заштитни шлемови при возењето, поставување на воздушни перничиња во автомобилите, користење на крема за сончање со заштитен фактор, користење на засладувачи наместо шеќер, консумирање безалкохолно пиво, вакцинирање на населението...
Сепак, постојат и области како што е пушењето и штетите предизвикани од истото, каде воведувањето на производи за намалување на штети е поголем предизвик. Иднината без чад од тутунот е можна, но на тој пат е неопходна поголема достапност на информациите за постоечките алтеративи. Ова бара вложување поголеми напори на тутунската индустрија, со цел да ја демонстрира способноста за намалување на штетите, што би го подобрило здравјето на корисниците и заедницата во целина.
Електронскиот уред за загревање на тутунот е револуционерна направа и иновативен систем кој може да ги намали ризиците по здравјето со неговата употреба, споредено со ризикот на цигарите. Создавањето на овој нов технолошки напреден уред овозможува корисниците да ја задоволат потребата за никотин на помалку штетен начин, а притоа да го почувствуваат вистинскиот вкус на тутунот.
Во споредба со цигарите, електронските уреди кои го загреваат тутунот претставуваат алтернативен и побезбеден модел за здравјето на граѓаните. Главната предност е во тоа што значително се намалува изложеноста на штетни материи и до 90 проценти помалку токсични и канцерогени соединенија продираат во човечкиот организам во споредба со традиционалното пушење на цигари, а тоа е потврдено и со бројни независна истражувања и научни студии.
Електронскиот уред IQOS, компанијата Филип Морис го претстави како одговор на растечката потреба на возрасните пушачи за помалку штетна алтернатива и да се преземе нешто во врска со загрижувачката долгогодишна светска пандемија на пушење, поттикнато од брзиот развој на модерната технологија и најновите научни откритија. При консумирањето на овој уред не се создава чад од тутунот, туку аеросол. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки. Овие уреди се наменети за возрасните пушачи, кои и понатаму би продолжиле да пушат и важно е да се напомене дека не претставува производ без ризик.
Технологијата за загревање на тутунот без согорување е препознаена од повеќе влади и јавни здравствени организации, вклучувајќи ја и американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за да помогне да се намали содржината на штетни материи, во споредба со согорувањето на тутунските производи. Филип Морис Интернешнал (ФМИ), водечката групацијата сопственик на овој тип технологија, која во моментов цели 100% на производи без чад, ги користи овие електрични уреди за да ја забрза својата цел, иднина без чад.