„Иднината е светла“ – запознајте ги храбрите херои на Халкбанк од нашето секојдневие

Добивај вести на Viber

Мотивирани, успешни и храбри херои со светла иднина и огромен потенцијал пред себе – тоа е најдобриот опис за нашите десетмина херои што во следните 5 седмици ќе бидат дел од македонското онлајн секојдневие.

Навистина стоиме безрезервно и гордо зад секој проект и секоја иницијатива што потекнуваат од нив. Овие херои поттикнуваат низа позитивни домино-ефекти во секојдневната борба со овој свет – да биде подобар свет за сите.

Видеосеријалот „Иднината е светла“ е производ инспириран од нивните искрени приказни и е само мал дел од приказната на Халкбанк во која секогаш, без исклучок, луѓето се во главна улога, во постојан фокус.

Во возбудливиот видеоспот, кој го одбележа почетокот на кампањата Иднината е светла“, претставени се хероите Марко Пејчиновски, Илина Арсова, Фејми Даут, Александра Блажевска, Катарина Георгиевска, Дрита Ислами, Горјан Јовановски, Лина Ѓорчевска, Јована Трајчева и Софија Дацева во нивната природна средина.

Нивните инспиративни приказни за рушење рекорди, освојување врвови, инвестирање во едукација, иницијативи со огромен ефект врз заедницата во следниот период ќе бидат раскажани од сè срце.

Следете ја Халкбанк на социјалните мрежи Facebook и YouTube за да ги запознаете хероите што ќе го одбележат јубилејот.


ПР објава