Иџе горд на синот Олег: „Момче мое да чекориш по патот на животот цврсто и силно“

Добивај вести на Viber

Во домот на македонскиот автомобилист Игор Иџе Стефановски има повод за славење, на неговиот син Олег денес му е роденден.

Со заедничка фотографија на која Иџе е облечен во професионално спортско одело, а неговиот син како поддршка на терените каде руши рекорди, напиша:

„Да чекориш по патот на животот цврсто и силно, секогаш да си свој и истраен во она што го посакуваш! Среќен роденден, момче мое“.

View this post on Instagram

A post shared by Igor Stefanovski (@igor_stefanovski_idze)

Иџе е миленик на младата генерација, особено на оние кои ги сакаат брзите автомобили и трките, позитивен, непосреден и успешен, а на тркачката патека – недостижен.

Парот е 17 години во среќен брак со неговата сопруга Емилија и заедно ги имаат синот Олег и ќерката Нина.

Фото: Инстаграм