Идеален крој на фустан според обликот на твоето тело: Песочен часовник, јаболко, круша или petite?

Добивај вести на Viber

Ако сакате да заблескате во вашиот нов фустан, најлесен начин за тоа да го постигнете е избор на идеален крој за вашата градба на тело.

Песочен часовник

Мерлин Монро, Бијонсе, Софија Вергара, Ким Кардашијан. Дали воопшто треба да ја објасниме оваа градба? Ако сте среќна жена чие тело е обликувано како песочен часовник, практично може да облечете било кој модел на фустани. Кројот кој ја следи линијата на колковите на вас секогаш изгледа најдобро, и ова тело е како создадено за сите оние тесни модели. Струкот е најтесниот дел од вашата фигура, така што сугерираме дека секогаш го потенцирате и истакнувате.

View this post on Instagram

A post shared by Beyoncé (@beyonce)



Јаболко

За облик на телото што дефинира малку пошироки рамена, недефиниран струк и тенки нозе, идеални фустани се со мало деколте и пошироки наременици. V-cuts исто така може да биде добар избор, но само ако не е премногу гломазен. Ако сакате, можете да го покриете стомакот со набори кои почнуваат веднаш под линијата на градите и малку се шират до работ на фустанот.

Круша

За градба како круша (најчеста кај жените!) многу е важно да се истакне горниот дел од телото и да се одвлече вниманието од  колковите и задникот. Ова најдобро се постигнува со отворен врат и акцентирани фустани и оние пошироки во долниот дел. Ако имате поголеми колкови и бутови, изберете модели кои лесно паѓаат над долниот дел од телото.


Petite

Сите  девојки со ситна градба ќе обожаваат фустани без премногу набори и еднобојни модели кои ја нагласуваат нивната фигура. Исто така, на малите девојки кратките фустани секогаш изгледаат стилски и елегантно, дури и во секојдневни пригоди, а пократките должини на здолниште визуелно ќе ги продолжат нивните нозе.