Моден фокус // Трендови
Им пркоси на годините: Со 65 години носи мини фустан и изгледа неверојатно
Поранешната манекенка Кристи Бринкли синоќа прошета на црвениот тепих и ги освои погледните на присутните со својата појава и модна комбинација. По успешната манекенска кариера таа се посвети на приватниот бизнис, но и понатаму е активна на социјалните мрежи и многу често се појавува во телевизиски емисии.
Иако има 65 години, на изгледот би ѝ позавиделе многу помлади девојки. Сигурни сме дека никогаш не би погодиле дека Кристи има толку години.
Во многу краток фустан со туфни и со долги, ѕвонести ракави, таа ги привлече погледите на сите присутни. Овој модел на најдобар начин ѝ ги истакна долгите, извајани нозе и затегнатата фигура.