ИМА 112 ГОДИНИ: Која е неговата тајна на долговечноста?

Добивај вести на Viber

Американецот Ричард Овертон во петокот го прославил својот 112 роденден и е најстар во неговата земја. Тој живее во Тексас, а вели дека ни во длабоката старост нема болки и дека секое утро станува со насмевка на лицето што ги натера многумина да се запрашаат која е неговата тајна за долговечноста. 

„Едноставно е, немојте да умирате“ - вели тој. 

Овој човек пуши по 12 цигари на ден и секојдневно пие виски. Не се откажал од кафето, напротив. Пие дури и по четири шолји кафе на ден, а во она првото утринско става и малку бурбон.

И други стогодишници споделиле совети за долг и убав живот, а многумина ќе ве изненадат.

Бабата Дорис (100) вели дека веќе 70 години секој ден пие квалитетно пиво. 

Најстарата жена во Шкотска, Џеси Гален изјавила во 2015 година дека најдобар рецепт за долг живот и добро здравје е да се држите подалеку од мажи. Гален, која починала на 109 годишна возраст советувала секој во своето мени да има и каша.