Има 43 години и тело „гром“: Никол Шерцингер во минијатурно бикини (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Светски познатата пејачка Никол Шерцингер ужива со своето момче Том Еванс на одмор во Емиратите. На својот Инстаграм профил сподели фотографии од плажа, каде позираше во прегратка со згодниот рагбист.

Никол изгледа спектакуларно во нео жолто бикини, покажувајќи рамен стомак, извајани нозе и извајани стомачни мускули. Таа уште еднаш ја оправда титулата „најубава жена на светот“.

Убавата 43-годишна пејачка го „скрила“ лицето од очилата за сонце, но јасно е дека блеска иако нема ни трошка шминка. Фотографиите собраа над 200 илјади лајкови, но и илјадници комплименти. „Изгледаш неверојатно“, „Леле, ти си совршена“, „Гориш, Никол“, „Кога Бог ја создавал совршената жена - тоа си била ти“,  „Телото од моите соништа“, се само дел од коментарите.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger)


Инаку, Никол ја должи својата совршена фигура на внимателно осмислената рутина за вежбање, а што се однесува до исхраната, таа тврди дека јаде сè, но умерено и со акцент на поздрав вид на храна. Таа исто така се грижи секој нејзин оброк да содржи избалансиран сооднос на масти, јаглени хидрати и протеини. На пример, тост од авокадо со пржени јајца и чаден лосос или здрава овесна каша со шумски бобинки за појадок.

View this post on Instagram

A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger)


Кога станува збор за вежбањето, оваа позната убавица практикува речиси секојдневна посета на теретана, 20 минути кардио тренинг, планинарење, јога, кревање тегови...


*Ја продавала својата крв: Денес е милионерка, ја носи титулата најубава на светот, а секој маж со кој била ја оставил