Има 70, а лице и тело како за 40 години: Триковите на Норма Камали

Добивај вести на Viber

Познатата американска дизајнерка Норма Камали во осмата деценија од животот може да се пофали со успешна кариера, но и убавина што воодушевува.

Таа веќе зачекори во својата 75-та година од животот, а тоа навистина не можете да го видите тоа на нејзиното лице и тело. Модната дизајнерка изгледа најмалку 30 години помлада, а она што го карактеризира нејзиниот одличен изглед се затегнато и мускулесто тело, одличен тен и блескава насмевка.

„Не се обидувам да ги сокријам моите години, претпоставувам дека затоа не можат да се видат“, рече Норма и истакна дека никогаш не посетила козметички хирург.

Наместо тоа, таа се свртила кон здравите навики и конзумира зелен чај и маслиново масло секој ден.

Како што истакнува, никогаш не се шминкала многу, па затоа е сигурна дека тоа влијаело на зачувување на убавата кожа.

Покрај ставањето минимум шминка и употребата на квалитетна козметика, Норма редовно вежба и се храни здраво, сето тоа заедно со работата на себе, придонесе да ги инспирира жени ширум светот со нејзиниот младешки изглед.


Бидејќи не престанува да работи на себе, штотуку објави велнес-книга со рецепти и тајни што ги користи со години и кои очигледно имаат ефект. Сега сподели уште неколку тајни поврзани со нега на лице, шминка, вежбање и исхрана.

Нега на лицето

- Помалку е повеќе. Инвестирам во квалитетни производи и никогаш не прескокнувам пилинг на лицето. Производите што ги користам се трудам да бидат природни.

Минимална шминка

- Чудо е што имам веѓи воопшто, со оглед на тоа што ги бричев со години. Порано сакав тешка шминка и носев светло црвен кармин и црвен лак. Сега се обидувам да се шминкам што е можно поедноставно. Ги чешлам веѓите, ставам мелем за усни, малку коректор каде што е потребно и секако руменило. 

Боење на косата

- Сè уште се фарбам. Целата оваа приказна за зајакнување на жените, на која и самата припаѓам, исто така пропагира дека треба да бидеме задоволни со она што го имаме. Добив многу прашања на тема коса: „Зошто не ја носиш својата седа коса?“! Едноставно, не се чувствувам - сиво! Ова сум јас! Користам бои без амонијак и се грижам за косата, но ова е мојата боја до гроб.

Исхрана, фитнес, сон

- Вежбањето и добрата исхрана се клучни - тоа е најдоброто нешто што може да си го подарите. Да се ​​има самодоверба е најважно, а комбинацијата на овие две работи ви го дава токму тоа.

- Претежно избегнувам леб, но ако видам миризлив свеж леб, земам маслиново масло и не застанувам додека не исчезне од трпезата.

-Престанав да пијам алкохол кога наполнив 40 години, бидејќи тоа е исто како да пиете шеќер.

- Тренинзите се исто така многу важни за подобрување на кожата и тенот. Пронајдете некоја форма на рекреација што ја сакате и истраете. Може да биде и танц.

- Сонот е можеби најважниот сегмент за здравјето на организмот. Најмалку 50 проценти. Колку сте поздрави, толку поздраво изгледате. И можете да изгледате одлично без трошка шминка, што е многу добро.


Фото: profimedia

Извор: stil.kurir.rs