Има беспрекорен стил, челичен стомак и извајани нозе: Една од најубавите жени - Бразилката Изабел открива како ја одржува линијата (ФОТО)
фото:profimedia/instagram
Марија Изабел Гулар Дурадо важи за една од најубавите жени во светот. Познатата бразилска манекенка со години ја носи оваа титула и вели дека за нејзиниот изглед се заслужни четири едноставни вежби.
Изабел Гулар беше гостинка на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, кој заврши синоќа, а на црвениот тепих уште еднаш до израз дојде нејзината одлична линија.
Покрај тоа таа секогаш е облечена без грешка и е модна светска инспирација.
За неа велат дека е жена со челичен стомак и извајани нозе. Тоа го покажуваат и фотографиите, а еве што знаеме за нејзината исхрана и вежбање.
Менито на Изабел Гулар
Познатата Бразилка во октомври ќе наполни 38 години, обожава здрави смутиња, применува 15 рецепти, а за подготовка на шејкови освен овошје и зеленчук користи и дополнителни протеини и житарки.
После тренинг пие протеински шејкови, а познато е дека тие се најдобрата ужина после вежбање.
Изабел избегнува ригорозни диети. Таа се труди да се храни здраво и сака да готви, а приготвува само јадења со малку намирници бидејќи сака исхраната да ѝ биде што е можно поедноставна, пишува rachaelattard.
Вежбите заслужни за врвната топ форма
Изабел тренира напорно и сака да комбинира неколку видови тренинзи од пилатес, кикбокс, јога, трчање, стомачни вежби до тренинг со отпор (често прави комбинација од кардио тренинг и вежби со отпор).
Посветува големо внимание на вежби за зајакнување на стомачните мускули, но и за тренирање на целото тело.
Меѓу нејзините вежби ги издвојуваме оние кои не се тешки за примена.
Првата е прескокнување на јаже, вежба која согорува калории и маснотии и активира многу мускули. Втората е „glute bridge“, која ја подига карлицата, и го зајакнува глутеусот, но и ги придвижува стомачните мускули. Трет е пилатес, Изабел е голем обожавател на пилатесот. Овој последен вид на вежбање дава силни мускули и придонесува за нивно истегнување.
Изабел Гулар во 2005 година потпиша договор со модната куќа „Викторија Сикрет“, а пред 11 години започна соработка со брендот Sports Illustrated. Таа е многу ангажирана во борбата против дијабетесот од кој боледува нејзиниот брат.
Повеќе фотки од убавата Изабел: