Има IQ 160 и 20 години помладо момче: Кралица на елеганцијата
Ѕвездата на „Перл Харбор", „Авијатичарот" и „Лице на ангел", Кејт Бекинсејл (45) импресионира секаде каде што ќе се појави. Жената на која и се восхитуваат за многу причини, со нејзиното неодамнешно издание на 44-тиот американски филмски фестивал во францускиот град Довил остава без здив.
Актерката која има коефициент на интелигенција од 160, не може да не биде секогаш тема на разговор со нејзината раскошна убавина, во Довил се појави во гламурозен црвен фустан со кој покажа дека е кралица на елеганцијата и сексапилот.
Убавата бринета комбинацијата ја надополни со елегантна фризура, со умерена шминка во природни тонови со кои уште еднаш се покажа убавината на нејзиниот лик во својот полн сјај.
Актерката е родена во Лондон, израснала во театарско семејството, беше во брак со актерот Мајкл Шин, со кого таа се разведе по осум години брак, од кој имаат ќерка.
И по сето ова беше одбележан нејзиниот однос со 20 години помладиот комичар Мет Рајф.