ИМА ЛИ ЗНАЦИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО НА ЗЛОУПОТРБЕНО ДЕТЕ? Психолог вели дека има еден најчест сигнал

По објавата дека во соседна Србија, педофилот И.О од Богојево сексуално вознемирувал поголем број деца во педагошката установа „Полетарац“ во Оџаци, каде бил вработен како педагошки асистент. Според неофицијални информации, досега во полиција се пријавени најмалку 15 случаи. Кои се предупредувачките знаци во однесувањето на децата кои можат да укажат дека тие се жртви на сексуално вознемирување или злоупотреба? Кога родителите ќе ги забележат овие сигнали, како треба да реагираат?

Децата биле изложени на сексуално насилство за време на нивниот престој во градинка. Од оваа предучилишна установа за „Блиц“ велат дека по сознанието за целиот случај покрената е дисциплинска постапка и дека И.О. (26) отстранет од работа. Застрашувачките детали станаа познати кога четиригодишно момче им пријавило на родителите дека го фотографирал И. О. гол. Во неговиот телефон биле пронајдени фотографии и видеа од голи деца од градинката. Откако другите родители разговарале со најмалите, бројот на малтретирани деца станал двоцифрен. Педофилот И.О. фотографирал некои момчиња, несоодветно ги допирал другите, велат родителите.


Детално читајте на Фактор тука.