Има само 44 килограми - како се храни?
Кортни Кардашијан, која се ближи кон 40-та година од својот живот, признала дека има само 44 килограми.
Во една од епизодите на своето фамилијарно шоу “Keeping Up With The Kardashians”, Кортни признала колку е тешка и открила кои додатоци во исхраната ги користи секој ден.
„Се трудам да јадам здрава храна кога сум дома и да одржувам рамнотежа помеѓу здравото органско овошје и зеленчук, како и здравите маснотии и протеини. Сфатив дека тоа што го внесувам влијае на сè, од мојата кожа, преку моето расположение па сè до нивото на енергија. Најпрвин пијам колаген со вода. Во текот на денот пробувам да пијам што повеќе вода. Потоа следува смути со протеински додаток од рибини коски, масло со триглицериди и алги. Потоа е време за храна – за ручек бирам органска салата. Во последно време консумирам салата со авокадо, варени јајца, краставица и домат. Попладне пијам зелен чај и консумирам грицки, најчесто тоа е чипс. За вечера јадам лосос или пилешко месо на грил со пире од карфиол, а понекогаш консумирам и ориз”- вели старлетата.
За себе вели дека се храни умерено.