Имаат 10 деца и велат: „Оставаме на Господ. Тој се грижи за децата и ни помага“

Добивај вести на Viber

Семејството Јуриљ живее во гратчето Грабарје кај Славонски Брод, Хрватска

Сопружниците Марио и Мартина минатата година во февруари го крстија синот Шимун Петар, а само година дена подоцна го крстија и нивното десетто дете, малата Кармела. Оваа многудетно семејство живее во градчето Грабарје кај Славонски Брод, во Хрватска. А за тамошните медиумите изјавија:

„Беше многу убаво. По светата миса и крштевката, ручавме во нашата противпожарна сала. Дојдоа сите наши драги луѓе, ги почестивме и сите заедно се радувавме", раскажа Мартина Јуриљ со насмевка на лицето.

Ништо не ѝ е тешко, вели таа. Не планирале да имаат десет деца, ниту тоа било нивна одлука. 

„Оставаме на Господ. Тој се грижи за децата и ни помага. Не ми е проблем да се грижам за толку многу деца, а имаме деца од сите возрасти. Гимназија, основно училиште, возраст од градинка. Сега го имаме и бебето Кармела“, вели Мартина.

Таа и нејзиниот сопруг секоја вечер одат на кратка прошетка откако ги легнуваат помалите деца, а наутро околу 06 часот, додека сите сè уште спијат, заедно пијат кафе и се молат. „Наше време е тоа“, истакнува тој.

Марио Јуриљ вели дека секој ден им е предизвик.

„Секој ден е нешто ново, но ете, како што рече мојата драга, сакана сопруга - со Божја помош се‘ може да се надмине. Драго ни е што имаме многу деца и му благодариме на Бога што не‘ израдува со нив и ни ја даде оваа благодат што ние сме родители на десет Хрвати“, нагласува Марио.

„Децата се благослов, децата се радост. И не плашете се од нов живот“, рече на крајот Мартин.


Фото: Видео net.hr - screenshoot