„Имам 31 година и само уште една година живот“: Имала страв да оди на лекар, поради што долго време ги трпела симптомите на болеста

Добивај вести на Viber

Девојката се плашела да оди на лекар, па живеела со симптоми кои ја мачеле три години. Потоа добила ужасна дијагноза...

Таа има само 31 година. Се плашела да оди на лекар, па го избегнувала три години и ги трпела симптомите. Кога конечно отишла на преглед, добила ужасна дијагноза. Таа имала доцен стадиум на рак на дебелото црево и лекарот и рекол дека има помалку од една година живот.

„Ќе умрам во текот на следната година. Имам крв во столицата веќе три години бидејќи имам рак на дебелото црево. Многу се плашев од колоноскопијата и сега го имам последниот стадиум на рак. Јас сум виновна за ова“, напишала девојката од Вашингтон на социјалната мрежа „Редит“, а пренесува „Дејли мејл“.

„Јас сум виновна и сега треба да донесам одлука. Нема да се лекувам бидејќи тоа значи само продолжување на мојот живот, но не и лек. Не сакам да го оптоварувам семејството, сакам оваа последна година од мојот живот да биде позитивна. Не сакам да ги поминам последните денови во болница“, објаснила таа.

Иако вкупниот број на заболени од рак постепено се намалува во последните децении, лекарите се загрижени за зголемувањето на бројот на случаи на рак на дебелото црево кај помладите пациенти. Експертите не се сигурни зошто дошло до зголемување и истражуваат дали се виновни модерните диети, антибиотици или габични инфекции. Дополнително, доцната дијагноза и започнувањето на лекувањето дополнително придонесува за високата стапка на смртност од оваа болест, како и фактот дека помладите ретко се сомневаат дека се болни.

Болната девојка од Вашингтон напишала дека нема да им каже на семејството дека е болна за да ги поштеди од маките: „Не можат да ми помогнат. Па зошто да страдаат?". Таа потоа додаде: „Имам само 31 година и тажна сум што не направив повеќе со мојот живот. Никогаш не ги следев моите соништа. Се надевам дека ќе има следен живот каде што ќе можам да го надоместам тоа“.

Нејзината објава беше проследена со коментари од други корисници кои и порачаа дека работите не мора да бидат толку мрачни и дека се уште има надеж. Се огласија и други пациенти со рак.

„Вашите мисли не се најорганизирани во овој момент. Не знам како е каде живееш, но на многу места има советувалишта за рак“, напиша еден човек. Друго лице советуваше да му каже на семејството во секој случај за да не ги изненади нејзината смрт.

Еден корисник напиша: „Бев во иста ситуација како и вие сега. Те разбирам целосно и во право си кога велиш дека ракот е ужасен. Но, сепак размислете за третман. На тој начин би можеле да добиете уште неколку години живот каде што ќе ги правите работите што мислите дека сте ги пропуштиле“.

Откако ги добила сите совети, девојката напишала: „Ќе ме лечат! Нема да се откажам веднаш! Ви благодариме за разбирањето и поддршката. Навистина го ценам тоа и ви благодарам за вашето сочувство и убави зборови. Навистина ми требаше тоа. Вчера бев ужасна, но денес сум малку подобро, а тоа е поради сите вас и вашите совети“.

Во последната фаза, ракот на дебелото црево се шири на други делови од телото и третманот не помага. Стапката на петгодишно преживување е околу 14 проценти. Бројките од студијата објавена во списанието JAMA Surgery покажуваат дека бројот на случаи кај пациенти на возраст меѓу 20 и 34 години ќе се зголеми за 90 отсто до 2030 година.

Ракот на дебелото црево обично не предизвикува никакви забележливи симптоми, па лекарите ги советуваат сите постари од 45 години да одат на колоноскопија барем еднаш на секои десет години. Раните симптоми може да вклучуваат дигестивни промени, крв во столицата, необјаснето губење на тежината, замор и слабост.

Доколку се открие рано, пред да се прошири во други области, 90 проценти од пациентите преживуваат повеќе од пет години од првата дијагноза. Но, ако ракот се фати доцна, стапката на петгодишно преживување паѓа на 71 процент.

Фото: Freepik.com
Извор: Najzena.alo.rs