„ИМАМЕ ЕКСПЛОЗИЈА НА ЗАБОЛЕНИ ОД РАК ПО ПРЕЛЕЖАН КОВИД“: Клиничкиот онколог Ристески за „новата епидемија“

Добивај вести на Viber

Поразителни бројки на новозаболени од тешки форми на канцер. Последните податоци од 2022 година, (за 2023 сè уште не се објавени), покажуваат дека има околу 20 милиони нови случаи на рак на глобално ниво, а според Светската здравствена организација, повеќе од 35 милиони нови случаи се предвидуваат до 2050 година.

За онколозите овие податоци се запрепастувачки, особено што станува збор за голем број пациенти кои се далеку под границата на старост.

И Македонија, за жал, не е исклучок од овој негативен тренд. Во разговор за Фактор, клиничкиот онколог, д-р Милан Ристески, посочува дека во периодов по пандемијата на корона вирусот се соочуваме со експлозија на заболени од рак особено по прележување на болеста.

-Само во текот на минатата недела имав нови осум пациенти со канцер на панкреас, забрзано расте и бројката на новозаболени од рак на бели дробови, рак на дојка, на простата, рак тестиси. Станува збор луѓе во средни години, меѓу 50 и 60. Повозрасни се оние кај кои е дијагностициран ракот на простата, но загржува фактот што од рак на тестиси заболуваат млади луѓе, на нивни 25 години. Ова е навистина поразително, бидејќи бројките на заболени од рак се незапирливи особено по прележана корона. Студиите покажуваат дека кај пациентите кои имале појава некакви тумори, по прележување на болеста се јавуваат монструозни форми на таквите тумори. Инциденцата од година во година се зголемува, посочува д-р Ристески.

Тоа што посебно загрижува, како што појаснува д-р Ристески е што голем број од овие најтешки болести многу тешко се откриваат во раната фаза, бидејќи не постојат ниту конкретни симптоми за да иницираат луѓето да се јават на лекар.


Продолжува на Фактор.мк