„Имаше празнина во мојата душа“: Данијела Мартиновиќ искрено проговори за тешките моменти кои се зад неа

Добивај вести на Viber

Приватниот живот на Данијела Мартиновиќ интригира повеќе од било кога, а таа сега призна дека се борела со многу тешки моменти

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ од минатата година е тема на регионалните медиуми поради приватниот живот, пред сè поради раскинувањето на нејзината 24-годишна врска со колеgaта Петар Грашо.

Пејачот кој пред неколку вечери одржа концерт во Белград, набргу по разделбата, беше виден со Хана Хуљиќ, ќерката на нивниот заеднички пријател Тончи Хуљиќ, на која набрзо ѝ рече „да“, а парот го доби своето првото дете ова лето - ќерка на која ѝ го дадоа името Алба.

Оваа врска привлече големо внимание, особено поради деталите за кои фановите се плашеа дека ќе ја повредат Даниела: Алба е името што сакаше да го даде на своето дете со Грашо, венчаницата што ја носеше Хана е дизајнирана од бренд кој Даниела го обожава, се венчаа во нејзиниот роден град, кум им беше близок пријател...

Даниела сето тоа време не коментираше директно за сè што ѝ се случуваше на емотивен план, а широката насмевка ја задржа и во најтешките моменти.


Данијела Мартиновиќ ретко зборува за својата приватност, а сега направи исклучок со навраќање на тешкиот период кој го имала во раната младост.

- На деветнаесет години се запрашав која сум. Сите мислеа дека треба да скокам од радост, тогаш ја започнував мојата пејачка кариера, вкусив популарност. Но, имаше празнина во мојата мала душа. Зошто веќе тогаш? Нешто во мене бараше поголемо значење. Сепак, на таа возраст се плашев некому да го кажам она што го чувствувам, затоа што веројатно ќе ми кажеа дека сум премлада за вакви прашања - изјави Данијела во интервју за хрватскиот „Стори“.

- Сега сум ослободена од самозагрозеност, од самоосудување, од самоотфрлање. Знаете, никој не може да не злоупотребува повеќе отколку ние самите себе, а јас тоа го сфатив само со искуство – објасни таа.

View this post on Instagram

A post shared by (@danijelamartinovicofficial)


Пејачката претходно во неколку наврати проговори за нејзината желба да стане мајка, која до денес не ѝ се остварила.

- Мајчинството за мене е прилично тешка и лична тема, а од друга страна, со оглед на тоа што сум пејачка, е многу јавна. Понекогаш таквите наслови за моето неостварено мајчинство звучат и изгледаат толку едноставни, неточни. Затоа, во ранливи моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на мојата „Мрвица“ (трошка). Знаете, оние долги ноќи кога чувствувате како да немаат почеток и крај, чувството дека засекогаш ќе останете заглавени во јазот на времето. Сакав да ѝ кажам сè во прво лице еднина. Детето ми е голема желба, тоа никогаш не сум го криела, но поради некоја причина сè уште не се случило. Не се откажав од тоа да бидам мајка, но го прифатив и фактот дека ќе можам да бидам среќна дури и ако тоа никогаш не се случи – изјави таа пред неколку години во интервју за хрватските медиуми.

извор: glossy.espreso.co.rs