За првпат по породувањето проговори за мајчинството: Хана Хуљиќ откри како се снаоѓаат со Алба
Сопругата на Петар Грашо за прв пат проговори јавно откако стана мајка и откри сè што ги интересира фановите
Хана Хуљиќ, млада хрватска музичарка и ќерка на Тончи Хуљиќ и сопруга на пејачот Петар Грашо, ја роди ќерката на крајот на јули во Сплит.
Познатиот пар доби ќерка на која ѝ дадоа име Алба, а мајката на Хана дојде во сплитското породилиште да ги земе Хана и бебето.
Следуваше период во кој Хана и Петар се повлекоа од јавноста, па пејачката не зборуваше за семејството ниту на нивните настапи и промоции, а среќната мама сега направи исклучок и откри некои детали.
- Ми се допаѓа улогата на мајка. Добро сум. Сега малку ја смирувам Алба затоа што има грчеви. Се обидувам да ја заспијам - низ смеа изјави Хана за 24сата.хр.
Како што истакна, повеќе не ја допираат написите во весниците за нејзиниот сопруг Петар Грашо и неа, бидејќи едноставно ги има премногу.
- Секој ден читам по нешто ново за мене и Петар, па престанав да реагирам - искрена е таа.
Хана се осврна и на гласините дека нејзиниот сопруг и таа ќе организираат уште една свадба.
- Искрено, веќе не знам од каде доаѓаат тие зборови. Не планираме уште една свадба – истакна таа.
извор:GLOSSYЧовек станува свесен за сè дури кога ќе го стави тоа мало суштество во свои раце: Петар Грашо емотивно за раѓањето на неговата ќерка
Данијела Мартиновиќ сонуваше да си го крсти детето така: Откриено како ќе се вика ќерката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ