Човек станува свесен за сè дури кога ќе го стави тоа мало суштество во свои раце: Петар Грашо емотивно за раѓањето на неговата ќерка

Добивај вести на Viber

Славниот пар ќе станат родители на крајот на јули.

На роденденската прослава на Нина Бадриќ се појави еден од најпопуларните хрватски пејачи Петар Грашо и по тој повод проговори за новата животна улога која го очекува наскоро.

— Мислам дека човек станува свесен за сè дури кога ќе го стави тоа мало суштество во свои раце. Но, еве, накратко ќе кажам - среќни сме, подготвени, чекаме - објасни видно возбудениот Грашо, кој со Хана го очекува своето прво дете.

Како што е веќе познато, брачниот пар Хуљиќ - Грашо избрале име за својата наследничка, а тоа е Алба.

Данијела Мартиновиќ сонуваше да си го крсти детето така: Откриено како ќе се вика ќерката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ

Таа треба да дојде на свет на 23 јули, но тој ден, според медиумите, Петар нема да биде во болница покрај сопругата. Многумина беа изненадени што пејачот тој ден нема да биде со Хана. Сепак, Хана не ја коментираше негативно оваа ситуација.

- Секој слободен момент го поминува со нас, изјави Хана за Story.hr.

Да потсетиме, Хана Хуљиќ жешките летни денови ги поминува во омиленото друштво. Иако не објавува често фотографии на Инстаграм, таа сподели моменти со својата пријателка и кума Доменика Жувела. 


— Се чувствувам како и секоја друга трудница на светот - се е во ред! – изјави неодамна Хана Хуљиќ Грашо за RTL Exkluziv.

Тогаш открила дека времето до породувањето го поминува информирајќи се, постојано гуглајќи некои нови работи и појави и како што истакнува, воопшто нема нервоза.

-Петар се грижи за себе и за сите нас, тој е голем хипохондрик, изјави убавата трудница.

Труднички стомак и заљубени погледи: Хана Хуљиќ и Петар Грашо ги привлекоа сите погледи на роденденот на Северина