Имав обезбедено да снимаат албум во Хрватска: Бобан од „Авалон“ проговори за „Дупер“

Бобан Милошески во понеделникот официјално соопшти дека неговата „Авалон продукција“ го раскина договорот со надежната група „Дупер“, бидејќи ја избркаа тапанарката Мартина од својот состав. Денеска само се надоврза на оваа вест.

Да избркаш равноправен член од бенд затоа што сакало девојчето да оди на концерт на друг бенд е најнечовечка и најаматерска работа која ми се има случено во работата со изведувачи од Македонија.

Жали Боже на времето што го потрошив на тие 5 состанока со Дупер.

Имав обезбедено бендот да сними албум во Хрватска и спонзор за тоа.

Прво ми бесе смешно , после сфатив дека не е.

Дека е тажно.

И невероватно нефер спрема Мартина...

Заради тоа оној пост од понеделник беше таков.

И тоа беше пост-не стереотипно соопштение.

Не ми е јасно како и зошто беше сфатен како официјално соопштение.

На Мартина и посакувам успех во се што ќе работи.

Другите двајца после овој пост не ме занимаат евер

...за да им посакам било што.“


Мартина за Женски Магазин ја потврди причината за нејзиното заминување од „Дупер“.