Имав тешка година по разделбата: Шакира го потврди она од што Пике најмногу се плашеше?
Пејачката Шакира беше гостин во емисијата на Џими Фалон откри дека за нејзината „осветничка песна“ која стана „женска химна“ главен виновник е нејзиниот син Милан...
Колумбиската пејачка Шакира и фудбалерот Жерар Пике во јуни минатата година објавија дека се разделуваат по 12 години.
За потсетување, тие двајца се запознаа во 2010 година на снимањето на нејзината песна „Waka Waka“, која беше химна на Светското првенство во Јужна Африка. Една година подоцна ја потврдија романсата. Од нивната љубов се родија нивните двајца синови Милан и Саша.
„Со жалење потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме да ја почитувате нашата приватност. Ви благодарам на разбирањето“ - се пишуваше тогаш во заедничкото соопштение.
После тоа започна расплетот, а причината за раскинувањето наводно било неверството на Пике, кое Шакира го открила откако секојдневно почнал да им исчезнува џем од фрижидерот.
Следуваа јавни препирки, Пике во јануари оваа година официјално се појави во јавноста со новата девојка Клара Чиа Марти, а пејачката му возврати со две „осветнички песни“.
Во петокот, за време на гостувањето кај Џими Фалон, пејачката проговори за тоа колку ѝ бил тежок животот по разделбата од фубалерот.
„Имав многу тешка година по разделбата и пишувањето на оваа песна ми беше многу важно“ - кажа Шакира.
„Тоа беше здрав начин да ги канализирам своите емоции“ - додаде пејачката.
Шакира кажа дека откако ја објавила песната, го почувствувала разбирањето од другите жени.
„Навистина се чувствував дека има цело сестринство жени кои поминале низ истите работи низ кои поминав и јас, кои мислат на начинот на кој мислам јас, кои се чувствуваат како што се чувствувам јас и кои морале да поднесат толку работи на начинот на кој морав и јас“ - кажа таа и додаде:
„И ја напишав песната за себе, но исто така чувствувам дека беше наменета за толкав број жени на кои им е потребен форум и глас кој ќе ги претстави на многу начини“.
Во оваа прилика раскажа дека нејзиниот постар син Милан довел до соработката со Bizarrap.
„Мамо, мораш да соработуваш со Bizarrap. Мораш да направиш песна со него, затоа што ќе биде број еден“ - раскажа Шакира и додаде:
„Ми испрати гласовна порака на мојот менаџер и му кажа „Мораш да ја споиш мама со Bizarrap, бидејќи ќе биде број еден“. И беше во право“ - заклучи пејачката.
фото: Принтскрин / Јутјуб