ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ, АМА ЏЕБОВИТЕ ЌЕ ИМ ГИ НАПОЛНИМЕ: Ни спорот со името, ни протестите не се пречка за одмор во Грција

Добивај вести на Viber

Кога ќе се спомне менување на името Македонија, патриотизмот испливува на површина со брзина на светлината, но истиот тој впечаток не е толку силен кога станува збор за летувањата кај јужниот сосед.

„Патриотизмот“ за кој повеќето Македонци гласно „врескаат“ по социјалните мрежи и ТВ анкетите не тлее со иста жар кога ќе дојде продолжен викенд или време за одмори.

Фактот дека Грција има море кое ни е блиску ги пакува куферите на македонските граѓани најчесто кон Халкидики.

И оваа година во топ дестинации каде ќе летуваат граѓаните е токму јужниот сосед.

Речиси пристапните цени, песочни плажи и сини чисти егејски но и јонски води и ова лето ќе бидат пресудни граѓаните на земјата која не е баш посакувана во моментов од соседот да летуваат на Касандра, Ситонија, Крф Скијатос па дури и прекрасниот Санторини.

Барем ова го покажуваат досегашните закажани и реализирани пакет аранжмани на оние кои решија летово порано да резервираат одмор и да закупат апартман.

Спорот со името и преговорите кои на Македонија можат да и донесат ново име не ги пишмани воопшто Македонците повторно да паузираат од работа и да уживаат на плажите во Калитеа, Пефкохори, Фурка...

Скопските агенции во полна пареа работат на организирање и дневни и викенд тури а засега велат дека аранжманите не се откажуваат.

„Засега нема откажани или повлечени резервирани аранжмани. Граѓаните најнормално и оваа година ја избираат Грција најмногу поради близината“-велат од скопска агенција која ја контактиравме.

Од друга агенција пак велат дека 70% до 80% ги продале аранжманите за цело лето и дека плажите во Грција посебно оние на првиот крак и ова лето „ќе вријат“ од Македонци.

За летување не е пречка ниту туристичката такса 

Еден од новитетите кои стапија на сила од почетокот на годинава во Грција е дека туристите ќе мора да плаќаат и данок на престој. 

Тој се движи од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето. 

Таа такса во повеќето хотели и сместувачки комплекси на гостите ќе им се наплаќа посебно и нема да влегува во цената на летување. Во одредени капацитети сопствениците овој нов трошок го преземале на себе па кај нив таксата веќе е вклучена во цената и нема да се наплатува дополнително.

Таксата за престој се пресметува како фиксен износ по ден и по соба, зависно од видот на сместување и изнесува:

4 € по соба дневно за хотели со 5*

3 € по соба дневно за хотели со 4* 

1,5 € по соба дневно за хотели со 3* 
0,5 € по соба дневно за хотели со 1*-2* 
0.5 € дневно за привтани соби , студија и апартмани

„Данокот на престој е на товар на туристите со нивното пристигнување. Се однесува и на хотелите и на изнајмените апартмани и соби. Висината е во зависност од категоријата. Половина евро за изнајмените соби и апартмани и за хотелите од 1 и 2 ѕвезди, 1,5 евра на ден во хотелите со 3 ѕвезди, 3 евра за 4 ѕвезди и 4 евра во хотелите со 5 ѕвезди, објаснува Тасисо“-изјави деновиве за грчките медиуми претседателот на федерација на хотелиери и претседател на Сојуз на хотелиери од Халкидики, Григорис Тасиос.

Интерес за Грција имало и ќе има

Туристичките агенции во повеќе градови во Македонија велат дека работата се одвива тековно, а таксите не претставуваат воопшто проблем за туристите.

„Интересот за Грција не е намален, таа останува дестинација број еден и ова лето. Ние мораме да ги информираме луѓето, да им кажеме дека треба да платат туристичка такса, но досега немало некој од таа причина да откаже аранжман“ – велат од кочанска туристичка агенција.

Од друга агенција во главниот град додаваат дека тој што решил да оди во Грција, ќе оди без разлика на таксата.

„Исто е како лани, нема промени, и не се работи за некоја голема сума кога е во прашање таксата. Луѓето прашуваат затоа што за секој хотел е различно, сакаат да знаат каде ќе треба да платат. Другите агенции имаат најмногу клиенти за Грција надвор од сезона, а ние имаме најголем интерес баш во екот на сезоната. Најверојатно одат во сезона затоа што се сигурни дека ќе биде топло и дека ќе им се погоди времето“- ни посочија од друга туристичка агенција.

Протестите на Грците можеби ќе не предомислат

„Македонија е Грчка“ - беше дел од мотото со кое Грците вчеравечер излегоа ширум државата во речиси над 20 земји да го искажат револтот на властите кои преговараат со Македонија.

Протетите беа одржани со цел “зачувување на грчкиот карактер на Македонија”.

Од Пела, родниот град на Александа Велики се пратија пораки дека не се прифаќа договор со Скопје во кој е содржано името Македонија и кој го признава македонскиот јазик и идентитет.

И.С.