ИМОТИ „ТЕШКИ“ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ПОД ХИПОТЕКА – Македонците не се двоумат да ги заложат само да дојдат до кредити

Добивај вести на Viber

Последните три месеци од минатата година значително пораснал бројот на имоти кои се ставени под хипотека. Имено како што покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини во последните три месеци од минатата година под хипотека се ставни најголем број имоти во споредба со претходните квартали, но и во споредба со истиот квартал од 2022 година.

Имено извештаите на Катастар покажуваат дека во периодот од октомври - декември 2023 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 2.504 и со вкупна вредност од 512,3 милиони евра или 2,77 милијарди денари.

Третиот квартал од минатата година се упишани помалку хипотеки во Катастарот. Како што може да се види од кварталниот извештај, во периодот јули - септември 2023 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 1.776 и со вкупна вредност од 376 милиони евра или 1,97 милијарди денари.


Продолжува на фактор.мк