Здравје // Совети
Имунолог објаснува: Овие се клучните разлики помеѓу коронавирусот и сезонските алергии
Не секоја
кашлица и кивање е знак на вирусот Ковид-19
Факт е дека сега секој симптом на луѓето им личи
на кронавирус, без разлика дали е кивање, кашлање или течење на носот, кои исто
така се симптоми на сезонски алергии.
„Тоа е многу збунувачко за пациентите затоа што
некои од симптомите се преклопуваат“, вели алерголог и имунолог д-р Лакиа Рајт.
Алергиите можат да бидат придружени со течење на
носот или затнување, гребење на грлото и кашлица што може да личи на кашлица
што е предизвикана од коронавирус.
Еве како да се разликува сезонската алергија од
КОВИД-19:
Проверете дали имате температура
„Алергиите сами по себе не треба да бидат придружени со треска“, вели д-р Мет Доерти. Треска и температура се едни од симптомите на КОВИД-19.
Како функционираат вашите сетила?
Вкусот и загубата на мирис се верува дека се симптоми на КОВИД19, што не е карактеристика на алергијата, вели д-р Рајт.
Чешање на очите
"Алергиите често предизвикуваат чешање, водени и црвени очи. КОВИД-19 не е поврзан со овие типови на алергиски конјунктивитис симптоми", објаснува д-р. Каролин Сокол, главен истражувач во Центарот за имунологија и воспалителни болести на Масачусетс.
Размислете за историјата на вашата алергија
„Многу лица кои страдаат од алергија имаат претходна историја на сезонски алергии“, вели д-р Доерти. Значи, ако дрвјата или другите растенија што ви предизвикуваат проблеми веќе почнале да цветаат, а имате историја на алергии, веројатно е токму тоа.
Погледнете дали вашиот лек за алергија менува нешто
"Ако имате течење на носот или затнат нос, видете дали имате подобри антихистаминици на рецепт. Обично, со алергии, ќе доживеете одредено подобрување на симптомите во рок од еден час од земањето на овие лекови, што не е случај со коронавирусот.