Инди во долна облека и завои покажа како изгледа по операцијата на градите (ФОТО)
Пејачката се огласи на Инстаграм.
Пејачката Индира Арадиновиќ пред неколку недели беше во центарот на скандал откако во јавноста протече видео од нејзината тепачка со сопствената сестра Едита Арадиновиќ на сред улица.
И двете пејачки јавно излегоа и признаа дека имале лош период, и дека сега се во одлични односи.
Инди најави дека ќе ги оперира градите и нема да може да настапува во наредниот период, а сега се огласи и на својот Инстаграм профил каде покажа како изгледа по операцијата.
„Со Божја помош и моите блиски луѓе кои се со мене, добив повеќе сонце утрово и моите молитви“, напиша Инди, позирајќи во долна облека и бадемантил, а на сликите јасено се гледа завојот кој пејачката го има на градите.
„Се работи за градите. Тие веќе некое време се во состојба на пукање, т.е. и двата пукнаа. Поминаа десет години откако ги правев, не е добро за здравјето да остане силиконот во телото. Мојот хирург ми закажа термин, интересно, за 14-ти февруари, Денот на вљубените, да го завршам, па се надевам дека се ќе биде добро. Операцијата трае околу пет до шест часа, закрепнувањето е малку подолго отколку кога се работи за обични импланти и има малку повеќе лузни, тоа е малку попрофесионална операција“.
ФОТО: Инстаграм