Инфектологот Вело Марковски ќе запее во дует со македонскиот Том Џонс

Ѓоко Ѓорчев, кој го стекна прекарот македонскиот Том Џонс и инфектологот Вело Марковски ќе ја отпеат темата ,,Параходот пристигна". Марковски кој на јавноста и е познат по неговите размислувања за корона пандемијата, сега ќе ги истакне и своите вокални способности.

- Почитуваниот д-р Марковски е врвен стручњак во својата професија, но и пее одлично и е голем вљубеник во македонската изворна песна. Тој ме обожава и како пејач и како човек. Бидејќи приватно се дружиме ми предложи да запееме песна во дует. Пред два дена ми се јави и ми ги понуди ,,Зајди, зајди" и ,,Параходот пристигна" .Се решивме за втората. Досега сум пеел различни жанрови во музиката. Сега првпат ќе запеам и народно. И многу ми е драго што тоа ќе го сторам во дует со д- р Марковски - ни изјави Ѓорчев. 

 Снимањето на дует темата ќе биде во студиото ,,Анастасија". Аанжманот е на Љупчо Павловски и Маестро Ристе Тушевски.


С.А.Н.

Фото: Приватна архива