Иновација инспирирана од потрошувачите: Како светот го елиминира чадот од цигарите

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што се информирани дека пушењето е штетно по здравјето, голем број луѓе едноставно не сакаат да ги остават цигарите. Сите релевантни податоци покажуваат дека пушењето е еден одглавните ризик фактори за развој на најраспространетите болести што предизвикуваат смртност во развиените земји, а тоа се кардиоваскуларните болести и карциномот. Со оглед на фактот што откажувањето од цигарите оди многу тешко и покрај зголемувањето на цените и други рестриктивни мерки, многу земји се свртуваат кон стратегија за намалување на штетите од тутунот.

Систематски напори на ова поле се одвиваат уште од почетокот на минатиот век, a крајната цел на било кој пристап за намален ризик е намалување на здравствените последици поврзани со користењето тутун, дури и ако не престане изложеноста на соединенијата кои ги испушта. Факт е дека не постои апсолутно безбеден начин за употреба на никотин и изложеност на тутун, но ако веќе не е можно да се запре со пушење, најмалку штетно решение се таканаречените бездимни алтернативи.

Критиките со кои се соочуваат тутунските компании, зголемената свест за грижата за здравјето и животната средина, но и огромната технолошка револуција што го зафати светот, ги натераа и тутунските компании да размислат за алтернативни производи за пушачите – производи кои се помалку штетни од традиционалните цигари. За целосно разбирање на разликите, важно е да се напомене дека, иако се подобра опција, овие алтернативи не се без ризик и ослободуваат никотин кој создава зависност. На овој начин, возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, ќе продолжат да уживаат во ритуалот кој го сакаат и во никотинот, но со многу помали штети по нивното здравје, а што може да има далекусежни позитивни ефекти по вкупното јавното здравје.


Алтернативните тутунски производи се различни од цигарите и се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите.Бидејќи при консумацијата не го согоруваат, туку го загреваат тутунот, алтернативните тутунски уреди не произведуваат ни катран, туку аеросолен остаток. Но, освен што производите без чад се помалку ризични за здравјето на секој пушач, тие влијаат и на подобрување на личната хигиена, бидејќи веќе го нема оној непријатен мирис во здивот, во косата или во облеката. Истовремено, додека корисникот на овие производи и натаму ужива во ритуалот од кој не може да се откаже, тоа не влијае негативно на оние што се во неговата блиска околина.

Научно докажана алтернатива, која веќе две години е достапна на нашиот пазар е iQOS– уред базиран на технологија која го загрева тутунот, наместо да го согорува. Тоа значи дека при користење на iQOS нема создавање на чад од тутунот и повеќе од шест штетни и потенцијално штетни материи кои го прават многу опасен, меѓу кои е и катранот.

Технологијата за загревање на тутунот без согорување е препознаена од повеќе влади и јавни здравствени организации, вклучувајќи ја и американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за да помогне да се намали содржината на штетни материи, во споредба со согорувањето на тутунските производи. „Филип Морис Интернешнл“, водечката групацијата сопственик на овој тип технологија, која во моментов цели 100% на производи без чад, ги користи овие електрични уреди за да ја забрза својата цел, иднина без чад.