Иновативна, забавна, оптимистична: Главни карактеристики на жената ВОДОЛИЈА - ТАА во сите аспекти на животот
Кога е во врска, ја цени својата
независност, слобода и „простор за дишење“ (што се совпаѓа со нејзината
припадност во групата воздушни знаци), а тоа му го дава и на
партнерот. Водолијата секогаш ќе чува дел од себе што нема да им го открие на
најблиските
Прекрасна, непредвидлива, слободоумна, мирна, чудна, ексцентрична, пријатна, искрена, квалитетна, иновативна, забавна, оптимистичка, оригинална - тоа е таа, жена Водолија.
Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината неразбирливост и невоздржаност - често е тешко да се разбере и сфати, но тоа е затоа што жената Водолија е секогаш само своја. За неа не важат стереотипите и невозможно е „да ја ставите во фиока“ бидејќи е отворен неконформист и бега од општествените правила и норми. Секогаш работи сама и не сака кога другите и кажуваат што да прави.
Од друга страна, е хуманитарец со големо срце и секогаш е подготвена да помогне, без разлика дали се работи за финансиска, емоционална или каква било помош. Сака напредок, но на личен план не сака промени. Таа е многу приврзана за своето минато и спомените кои ги чува како свое најголемо богатство, а лојалноста ја носи на едно ново, подлабоко ниво - не само што останува лојална на својот партнер, туку и на одреден бренд, продавница, ресторан, тим, пејачка... и во добро и волошо.
Секс и врски
За жената Водолија, животот е игра во која секој игра според своите правила. Кога станува збор за љубовта, таа ќе се погрижи играта да биде особено забавна и никогаш досадна. Но, нејзиниот лесен поглед на животот и љубовта не значи дека таа лесно се заљубува. Напротив, ѝ треба време да се поврзе со некого емотивно и да и верува на друга личност.
Кога е во врска, ја цени својата независност, слобода и „простор за дишење“ (што се совпаѓа со нејзината припадност во групата воздушни знаци), а тоа му го и дава на партнерот. Водолијата секогаш ќе чува дел од себе што нема да им го открие на најблиските.
Оригинална и непредвидлива, на партнерот ќе му пружи задоволства за кои претходно не ни знаел дека постојат. За неа нема кочници во спалната соба, сака да експериментира и со задоволство ќе проба се‘, па дури и секс во јавност. Нејзини идеални партнери се Вага, Близнаци, Стрелец и Овен.