ИНСПЕКЦИЈА ЌЕ ГО ИСПИТУВА СЛУЧАЈОТ СО ПОВРЕДЕНОТО БЕБЕ ВО ГРАДИНКАТА ВО ШУТО ОРИЗАРИ: МТСП ќе делува по допрен глас

Добивај вести на Viber


Во текот на денот ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор над работата  на установата и стручниот кадар, од страна на инспектори за заштита на децата, велат од Министерството за труд и социјална политика за МИА, во врска со случајот со градинката во Шуто Оризари. 

 - Министерството за труд и социјална политика информира дека официјално нема добиено претставка за случајот во градинката „8-Април“ во Шуто Оризари. Меѓутоа по допрен глас од медиумите и по службена должност, во текот на денот ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор над работата  на установата и стручниот кадар, од страна на инспектори за заштита на децата. За утврдување на фактичката состојба и  неправилности во работата на стручниот кадар, кој го згрижувал детето, ќе бидат преземени мерки согласно Законот за заштита на децата, нагласуваат од МТСП. 

Подетално читајте на Фактор тука.