Инспиративни мисли од Хелен Келер: Животот е или храбра авантура или ништо
Хелен Келер е американска писателка и активистика. Од детството била слепа и глува. По долготраен процес, со помош на учителки и подоцна животната придружничка Ан Суливан, успала да научи да се разбира со околината и завршила школо.
Научила неколку странски јазици, а во учењето искажала и извонредна смисла за пишување и за научната работа. Посетила и одржала предавања во 40 тина земји во светот и напишала повеќе од 20 книги. За денес ви ги пренесуваме нејзините најпознати мисли.
„Плачев затоа што немав чевли, сè додека не видов човек кој немаше нога.“
„Кога среќата ќе ни затвори една врата, често ни отвора друга, но ние понекогаш знаеме предолго да гледаме во затворената и да не ја забележиме отворената.“
„Кога среќата ќе ни затвори една врата, често ни отвора друга, но ние понекогаш знаеме предолго да гледаме во затворената и да не ја забележиме отворената.“
„Тоа што е најдобро и најубаво не може да се види, па дури ни допре. Тоа мора да се почувствува со срцето.“
„Се има свои чуда, па дури и молкот и тишината, и јас учам во каква состојба и да бидам , да сум задоволна.
„Животот е или храбра авантура или ништо“
„Држи го своето лице спрема сонцето и нема да можеш да ја видиш сенката“.
„Ја многу ретко мислам за моите недостатоци, и тие никогаш не ме прават тажна“.
„Она во кое некогаш уживавме, никогаш не можеме да го изгубиме . Се што вистински го сакаме станува дел од нас“.
„Можеме да постигнеме се што сакаме ако сме доволно упорни во тоа“.
„Ужасна работа е да може да се гледа, а да се нема визија“.