Фитнес на шипка: Искрено со Луна Ѓоргон, мајка која обожава и возење мотори и адреналин

Добивај вести на Viber

Луна Ѓоргон е обична девојка, сега веќе мајка која сака адреналин и несекојдневни работи. 

13 години ги посветува на балетот и во еден момен мора да прекине со тоа бидејќи има страшни болки во колената. Кога оди на контрола докторот ѝ забранува да продолжи со било каква физичка активност што ѝ ги оптеретува колената. Кога почнува да бара нешто што ќе ѝ го задржи вниманието и ќе ја исполнува исто како балетот, наидува на фитнесот на шипка, необична активност која ја практикува и денес кога е инструктор.

* Опиши се себеси со еден збор.

- Побудалена.

* Како се запозна со фитнес на шипка. Кога се роди желбата да го пробаш тоа?

- Желбата за фитнес на шипка се роди од моментот кога ја пронајдов Феликс Кејн, се заљубив во сите движења и танци што ги изведува на шипка. 

* Дали си самоука, колку е тешко да се изведуваат вежби?

- Почнувам да гледам видеа од нејзе и паралелно почнувам да правам тренинзи во сала сама. После неколку години одам во Загреб да се надградам. Тамо вежбав на шипка, свили и хулахоп. Се вратив и продолжив со истото. Многу е поразлично и позахтевно од било кој спорт и дисциплина. 

View this post on Instagram

A post shared by Lunna Gj (@lunnagj)


* Што би им препорачала на сите почетници кои сакаат да пробаат? Што треба да знаат? Дали треба некоја посебна физичка подготвеност?

- Сите што сакаат да пробаат треба да пробаат, не е потребна било каква претходна спремност на телото. Не треба да очекуваат дека од два тренинга ќе направат премногу акробации и елементи. Но исто така не треба ни да се разочаруваат и да се откажуваат. 

* Колку има заинтересираност ?

 - Беше многу актуелно пред неколку години, сега вежбаат оние што стварно ја сакаат оваа дисциплина. 

* Дали во Македонија постојат стереотипи кога станува збор за ваков тип на тренинг?

- Порано многу повеќе, сега некако најверојатно им стана убаво за око, па не реагираат страшно. 

* Дали практикуваш некој посебен вид на исхрана?

- Со исхраната морам да бидам искрена не внимавам нешто премногу, гледам да јадам убаво и нормално.

* Ти си љубител на авантурите, возиш и ендуро мотор... Раскажи ни нешто повеќе за тоа. Колку те исполнува екстремноста?

- Да, си возам и мотор и тоа е нешто што ме исполнува премногу и сакам да го правам. Екстремноста ме исполува најмногу. 

* Твојот специфичен стил како и авантуристички дух сигурно прави да бидеш забележана од толпата, дали си се соочила со некој вид на стереотипи од страна на јавноста?

- Сум се соочила сигурно, ама тоа толку не ме интересира така што не ни памтам. Важно ми е моите апетити да се задоволени и да ми е убаво.

* Што според тебе треба да поседува една убава современа жена?

- Треба да има достоинство, да биде паметна и да го прави она што ја исполнува.


*Д.Караташова Илиоска