Интервју со Златка Петреска, специјалист за човечки ресурси во Иуте Кредит: Целта на Иуте Кредит е градење релации со вработените на долги патеки

Добивај вести на Viber

Основна мисија на групацијата Iute Group AS, чијшто дел е Иуте Кредит Македонија е да биде сервис на клиентите и граѓаните, кој ќе им овозможи брзо, едноставно, безбедно и пред се најповолно кредитирање, постојано стремејќи се да ја имплементира најновата технологија, да ги привлече најдобрите таленти и да го препознае најдоброто од секој поединечен член на тимот. Во компанијата особено внимание се посветува на грижата за вработените, нивната благосостојба и континуиран напредок, преку развивање на тимскиот дух како предуслов за остварување на целите на компанијата и нејзиниот натамошен раст, вели Златка Петреска, специјалист за човечки ресурси во Иуте Кредит.

Работата на Секторот за човечки ресурси во денешно време се смета за многу важна за успешно работење на една компанија и остварување на нејзините. Која е во суштина длабинската улога на овој сектор?

Најголемата вредност на секоја компанија се нејзините вработени, тие се брендот. Токму затоа човечките ресурси претставуваат суштинска алка во ефективно управување со луѓето и процесите во компанијата.

Иуте Кредит посветува особено внимание за своите вработени бидејќи тие се нашите бренд амбасадори кои преку секојдневен контакт со клиентите ја шират мисијата на компанијата и придонесуваат за правилно запознавање на клиентите, но и пошироката јавност со нашите вредности и заложби. Вработените се тука за финансиска и советодавна поддршка на клиентите при изборот на вистинските производи за нивните моментални потреби. Нивниот придонес и нивното задоволство е најзначајно за нас, бидејќи тие се центарот на нашата мисија и стратегија.

Во изминативе 7 години колку што постои компанијата на пазаров, сведочевме на раст на компанијата, но пред се на растот на нашите вработените, низ призмата на многуте предизвици  кои постоеја, тие беа и останаа наш највреден капитал и драго ми е што можеме да се наречеме големо семејство.

Се водиме според основната девиза, задоволни и среќни вработени,  успешна компанија и задоволни клиенти. Од тој аспект, не само што се грижиме за нивната благосостојба и континуиран напредок, туку и постојано ги мотивираме да постигнуваат уште подобри резултати, да напредуваат...Нивните лични успеси се успеси и на компанијата, а сето тоа придонесува и за севкупната добра компаниска култура.

Дружењето и пријателството на работното место е еден од главните фактори за зголемување на продуктивноста во канцеларијата, бидејќи пријателска работна средина води кон подобра комуникација и соработка меѓу вработените и со тоа остварување на заедничките цели.

Компанијата континуирано инвестира во програми и тренинзи за унапредување на вештините на вработените, а кога станува збор за општествено одговорните активности, освен што како компанија редовно сме вклучени во поддршка на многу јавни општествени проекти, особено оние поврзани со ранливите категории, наша цел е секогаш да ги инволвираме во вакви активности и нашите вработени. На тој начин не само што се зајакнува тимскиот дух, туку се развива и чувството за емпатија, лична одговорност,  а воедно и вклучување и на нашите најмали и најмили, како дел од многу проекти за градење одговорност, свесност и инклузија уште од мали нозе.

Какви активности преземате за градење на тимскиот дух во компанијата?

Како што посочив и погоре, нашите вработени се дел од нашите општествено одговорни активности кои ги преземаме во насока на давање придонес кон заедницата. Последен таков пример е организирањето на настанот „Розов октомври“ - месец на сензибилизација и подигнување на свеста за рано откривање на ракот на дојка. Иуте Кредит го одбележа овој октомври со организација на прегледи на дојка за сите жени вработени во компанијата, со цел да покажеме одговорност кон нашите вработени, но и да пренесеме силна порака и да ги поддржиме сите оние кои ја водат оваа битка. Со оваа кампања, целта ни беше не само да ја означиме глобалната кампања, туку и да испратиме порака за надеж, сила, љубов и единство. Подигнувањето на свесноста за болеста и раното откривање се од суштинско значење, особено со оглед на тоа дека ракот на дојка е првата најчеста причина за смртност кај жените.

Ноември пак го посветивме на колегите во компанијата, на идентичен начин, со организирани прегледи и отворени дискусии кои го засегаат и физичкото и менталното машко здравје. Вакви активности воедно се секогаш повод низ заеднички дружби да поразговараме на многу теми, кои најчесто се сѐ уште табу. Оваа година избравме и колега кој го доби епитетот “најинспиративен” во делот на ширење на здрави навики. Забава и корисно, споени во едно.

Неодамна организиравме и „Фамилијарен ден“ со другарчињата од СОС детско село каде поминавме уште една незаборавна дружба со нашите пријатели и  им посакавме успешни училишни почетоци. Овие деца веќе 4-та година по ред со гордост ги нарекуваме наши другари.

Кога станува збор за тимски дружења, на истите им нема крај. Би го споменала и незаборавните тимски дружења во Боровец, Бугарија, како и она на Лешница, бисерот на Шара организирано од страна на “I love hiking – group Macedonia”, каде во една прекрасна атмосфера нашите вработени се дружеа и забавуваа.

Како дел од програмата за годишно наградување на најдобрите вработени, оваа година нашите колеги го посетија јужниот регион на Франција во рамките на „Посетете го светот 2023 година“. Главната цел на оваа посета беше да се види компанија за авиони Ербас, односно градот Тулуз каде е сместено неговото седиштето и погонот за составување на деловите на авионите. Тука нашите вработени имаа можност да се запознаат со процесот на конструкција на авионот А350. Во рамките на ова патување ја посетија и фабриката L'occitane en Provence во областа Прованса, познатиот производител на козметички средства и препарати. На враќање се посети и прекрасното мало живописно гратче Екс-Ен Прованса кое често се нарекува град на илјада фонтани, познато по архитектурата во готски стил, кое е родно место на пост-импресионистички сликар Пол Сезан. Ова навистина беше прекрасно и несекојдневно патување.

Ова се само некои од активностите кои ги имаме организирано. Тука се крводарителски акции, настани за православниот празник Велигден и многу други, со кои од една страна го градиме нашето заедништво, а од друга даваме придонес кон заедницата.

Дали тоа што Иуте Кредит е дел од голема корпорација придонесува да се посвети поголемо внимание на вработените и нивното задоволство?

Иуте кредит е дел од голема корпорација Iute Group AS водечка финтек групација во Европа, која оваа година одбележа 15 години од своето постоење и која е присутна во неколку земји. Основна мисија на групација е да им понуди на своите клиенти извонредно искуство во областа на личните финансии. Извонредно значи најбрза и најсигурна услуга. Но исто така значи и човечка интеракција, бидејќи без оглед што основата на финтек индустријата е технологијата, сепак, ништо не може да ја замени искреноста на насмевката и човечкото внимание.

Токму затоа групацијата постојано се стреми да ја имплементира најновата технологија, но и да ги привлече најдобрите таленти и да развие организација каде секој поединец ќе биде препознаен и  почитуван.

Најдобрите вработени воедно служат и како стимул и мотивација и за останатите вработени. Можам со гордост да потенцирам дека тимската поддршка никогаш не отсуствувала.

Кои се идните планови на Иуте Кредит во врска со човечкиот капитал? Дали се соочувате со предизвиците на недостиг на квалификувана работна сила кој е сè поприсутен во земјава?

Иуте Кредит во моментов има приближно 90 вработени и оваа бројка секако ќе расте со понатамошниот раст на компанијата. Иако е евидентно дека станува се поизразен недостигот на вработени на пазарот на трудот во земјата и дека многу сектори се соочуваат со недостиг на работна сила, ние засега добро се носиме со овој предизвик.

Тоа веројатно се должи на фактот дека Иуте нуди одлични услови и бенефиции за  вработените кои се далеку над просекот во државата, изграден систем на наградување на најдобрите вработени, одлични услови за работа и работа според европски стандарди што работењето кај нас го прави примамливо. Нашата цел е градење релации со вработените на долги патеки.

Иуте Кредит е успешна и стабилна компанија со јасна визија и мисија, ориентирана кон иднината што се препознава и што не прави посакуван работодавач.