Моден фокус // Трендови
Интимна еврејска церемонија: Карли Клос се омажи по шестгодишна врска
Три месеци по објавувањето на нивната свршувачка, Карли Клос и Џошуа Кушнер официјално се венчаа!
26- годишниот супермодел и 33- годишниот Џошуа Кушнер,помалиот брат на Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп, стапија во брак по шестгодишна врска.
Клос и Кушнер одржаа мала, еврејска церемонија во Њујорк, со присуство на помалку од 80 луѓе. Тие, исто така, ќе бидат домаќини на поголема прослава за пријателите и саканите следнава пролет.
Русокосата манекенка носеше специјално направена венчаница на Диор за церемонијата.
- Венчавката беше интимна и емотивна. Двојката сјаеше од среќа- раскажа пријател кој присуствуваше на церемонијата.