Ирена Лозана за ревијата на лица со попреченост: Син ми не знаеше што е модел, но откако му покажав видео од ваков настан, го прифати предизвикот да зачекори на сцената

Добивај вести на Viber

На првата модна ревија на адаптирана облека за лица со пореченоство организиција на Гере Трипков, креатор на брендот ZENFuturus, настапија околу 30 манекени - сите лица со попреченост. Ирена Лозана, мајка на Кан (15), еден од манекените, посочува дека целта на настанот е да се поттикне нов начин на размислување во дизајнирањето и креирањето на облека за лицата со поинаквости. Со оваа ревија, начинот и стандардите на организирање и креирање на инклузивни настани во државата, се подигна на едно сосема ново и многу поквалитетно ниво.

Лозана е едукатор, ментор и тренер за родители и едукатори на деца со типичен нетипчен развој по своја уникатна методологија. Јога и зумба инструктор за лица со поинакви способности. Организатор на настани, мотивациски говорник. Предавач за инклузивна свесност. Контент креатор.

ЖМ: Како реагираше Кан на понудата да биде манекен?

- Кога го видов повикот за пријавување, многу се израдував, но секако морав прво да го прашам Кан дали сака да учествува. Кога го прашав дали сака да биде модел, ме погледна чудно како да не ме разбра за што зборувам, потоаседнавме на нет, му покажав видео од ваков наста и му објаснив што значи тоа. Само за кратко, насмеан од уво до уво, со многу радост рече дека сака да биде модел.

ЖМ: Вежбавте ли долго време и на кој начин?

- Една од причините зашто се израдував на ревијата е таа што во моите тинејџерски години бев и модел и иструктор за модели, па учењето и покажувањето, како треба да се оди и да се стои ми е многу познато и лесно. Дома ходникот беше модната писта. Вежбањето по дома поминуваше најмногу со смеење и со аплаузи од сите домашни, сите бевме публика.

ЖМ: Колку сте задоволни од неговиот напредок, сега во тинејџерските години кои се пресвртница во личноста на детето?

- Презадоволна сум од напредокот на Кан, посебно во тинејџерските години, кадешто позитивната разлика е многу видлива. И пред тоа бев задоволна со секое мало поместување во неговиот развој. Но, најважно од сѐ е дека и кога немаше видливи поместувања или напредок, знаев дека треба да се работи и да се создава вредност за еден ден да може да видиме резултати.

ЖМ: Во кој сегмент од развојот има голем напредок?

- Во развојот на децата има неколку периоди во кои можеме да видиме поголеми разлики кои се случуваат за пократок период. Пубертетот е еден од клучните периоди во развојот на детето и транзицијата кон млад човек. Како и со другите типични деца, така и со Кан промените почнаа со влегувањето во вториот дел од пубертетот, некаде околу 13-та година. Она што можеше да се забележи е присутноста која се смени многу позитивно - фокусираното внимание. Почна да го комуницира минатото, нешто за кое дотогаш не ни знаевме дека го има во свеста. Претходно скоро воопшто никогаш немаше искомуницирано ништо од минатото. Свеснота за своето тело и грижата за себе се подигна на едно многу свесно ниво. Социјалната комуникација стана посвесна и поприсутна. И секако уште многу ситни, но важни работи кои го прват секојдневието на Кан да биде полесно, поспокојно и порадосно.

ЖМ: Каде се одвива неговото образование?

- Кан оди во типичното училиште „Вера Јоцик“ во Скопје, има образовна асистентка која многу ја сака и прекрасно комуницираат и соработуваат. Нашето училиште е на добар пат да биде инклузивно училиште, но со заложба, работа и соработка има капацитет да се претвори во инклузивно свесно училиште.

ЖМ: Кои афинитети ги покажува, што го привлекува?

- Кан сака да пее и многу убаво пее. Фактот што има скоро перфектен слух му е од полза. Сака да свири на пијано. Тоа што досега го поседува како знаење, го научи сосема сам. Се надеваме дека во иднина ќе се споиме со некого кој ќе му помогне да ги научи нотите, за да може и самиот да креира музика. Бидејќи како што се шегувам со него, ние останативе дома знаеме да нацртаме само виолински клуч.

ЖМ: Напредокот на Кан е најмногу поради вашата свесност и вложување. Кој беше мотивот да им помагате и на останатите деца?

- Јас навистина вложував и се уште вложувам и во Кан, во моите други две деца, но и во сите деца со кои на било кој начин ќе дојдам во допир. Кога велам децата, мислам на сите деца на светот и тие за мене се крајната и најважната цел. Радосни, спокојни, резилиентни деца, кои ќе пораснат во свесни граѓани на светот. Сите мои напори, истражувања, учење и работа во изминативе 10 години се во правец на создавање на методологија, обуки и тренинзи за родителите и едукаторите, кои на своите рамена ја носат иднината на светот. Сега нас ни се потребни родители и едукатори кои ќе се менуваат и адаптираат на новите времиња, кои успешно ќе можат да се носат со сите предизвици на денешницата. Родителите се оние кои треба да ги менуваат своите перспективи, уверувања и капацитети. Родителите се центарот на светот на секое дете, тие треба да се инспирацијата кое детето треба да ја земе, за да создаде слика за себе, слика во која ќе се види како среќно и спокојно дете.

ЖМ: На кои проекти сте насочени периодов?

- Во моментов, како и во изминативе 2 години во рамките на дневниот центар за Даунов синдром и здружението „Доза среќа“ држам часови за посебна јога и зумба. Ова се активности кои имаат огромен капацитет да го подобрат целокупното ментално и физичко здравје на лицата, но посебно на децата со поинакви способности. Невросоматските движења кои се дел од овие активности создаваат промени во сите аспекти на развојот. Воедно таму работам на емоционално когнитивните капацитети и способности и со родителите, но и со децата. Сето ова придонесува за подигање на емоционалната интелегенција, на резилиентноста и подобрување на личните капацитети како човечки битија. Надвор од Здружението веќе одреден период работам со семејства со деца со поинаков развој, кое според мене е најхолистичкиот начин. Создавање на едно здраво семејство во кое родителите, но и детето можат да постигнат најмногу резултати. Но бидејќи овие проценки и индивидуална работа одземаат многу време и внимание, почувствував дека сакам и можам да помогнам на поголем број на семејства и родители. Затоа наскоро ќе можат родителите и семејствата да се приклучат на новата програма во која давам уште повеќе информации. Со оваа програма сакам да допрам до суштината на родителите за да им помогнам да почнат да се трансформираат. Од состојба со емоции на самообвинување, грижа, неадекватност, прегореност, во сосојба наспокојни, задоволни со себе и со она што им е во опкружувањето. Но најважно од сѐ, да можат да придонесат со леснотија во среќата за себе и своите деца. Јас го сакав сето ова за себе и го постигнав со многу работа и труд. Она што останува како единствена желба и порив е да го пренесам на други родители и едукатори, бидејќи за мене само со активна соработка нашите животи можат да бидат подобри. Градинките и вработените во градинките се мојата голема љубов бидејќи во одреден период многу активно работевсо нив. Градинката и раниот детски развој веќе е и научно докажано дека е најдоброто место и најдобриот периодда се почне со создавањето на инклузивната свесност и создавањето на новите свесни граѓани на светото. Затоа се уште им предавам на едукаторите во градинките, но и во училиштата. „Инклузивната свесност“ и создавањето на „Инклузивна и инспиративна училница“ е она што недостасува во нашиот образовен систем, и поради тоа начинот на кој сакаме да создадеме инклузија е неуспешен. Чувството... како треба да бидам со себе, и како да знам да соработувам со лицата со типичен и нетипичен развој е одговорот за успешна инклузија.

ЖМ: Сака ли Кан јога и зумба?

- Кан сака да танцува зумба и во изминатиов период го искористивме танцувањето за да намали неколку килограми коишто него му личеа дека се повеќе. Неговата желба беше да личи на неговиот сега омилен лик од една игра, со кој силно се идентификува. После неколку недели танцување,по неколку песни на ден, успеа со леснотија да ослабе. Зумбата е практика за движење со радост, која е многу поинаква од јогата. Јогата за мене, но и за него има посебно место. Јас почнав да практикувам јога за да си помогнам со здравствените потешкотии кои многу ми го отежнуваа животот. Во практиките на јога посебно практиките за дишење кои мене многу ми помогнаа, решив дека ќе ги употребам да му помогнам во процесот за намалување на вознемиреноста, посебно во ситуациите кога Кан имаше предизвикувачки однесувања кои беа проследени со самоповредувања како касање на рацете, гребење на лицето и слични манифестации. Со многу трпение и после неколку месеци успеавме Кан да може да создава самоконтрола и да се оттргне од самоповредувањето. Кан денеска практикува техники за насочено внимание и фокус, знае како да препознае емоции и како да се справи со нив во рамките на своите капацитети. По повод денот на лицата со попреченост 3 декември подготвувам активнот за родителите и едукаторите, но најмногу за мајките. Истите овие активности ќе се зголемат во 2025 година и родителите и едукаторите со деца со типичен и нетипичен развој ќе можат да почувствуваат вистинска поддршка и помош.

С.А.Н