Ѕирнете во луксузната вила на Криси Тајген и Џон Леџенд: Детската соба го одзема здивот (ВИДЕО)
Кристи Тајген и Џон Леџенд ги отворија вратите од својот
дом...
Поранешната манекенка и музичарот живеат во Беверли Хилс, Калифорнија со своите
деца. Тие за списанието „Architectural Digest“ покажаа како живеат и објаснија што им било најважно кога работеле на уредување на нивниот дом.
Двојката е во брак десет години, а нивната најмлада ќерка Ести има само неколку месеци.
Прекрасната семејна вила ги кани гостите на заедничка дружба, но и воодушевува со прекрасните мермерни елементи, пастелните и земјените бои, како и фантастичниот поглед.
Дневната соба е едно од најпопуларните места за собирање, откри Леџенд.
Кујната е интегрирана во отворен простор со поглед на базенот и градината. „Постојано готвиме“, весело рече Криси и откри дека дизајнерот Џејк Арнолд е одговорен за голем дел од дизајнот на ентериерот.
„Отсекогаш сакавме дом кој ќе ги покани пријателите и семејството да се дружат“, вели Џон Леџенд. „Поминуваме многу време во кујната. Понекогаш сите четири рерни работат во исто време, бидејќи често ини доаѓаат пријателите или семејството.
Во секоја соба има телевизор, „дури и во бањата, за да можете да гледате нешто додека уживате во кадата“, рече таа.
Погледнете го целосното видео од нивната прекрасна вила
Фото и Видео: Youtube