Иронични мини-приказни во кои секоја жена може да се препознае: Имаше еднаш една девојка која постојано брзаше и никаде не стигнуваше

фото:unsplash

Дороти Паркер велеше: Кога мажот воопшто би можел да разбере што мисли жената, и онака не би ѝ поверувал. За разлика од нea пак, психотерапевтката Аглаја Датесидзе успева во неколку редови да стави сѐ што мисли една жена.

Иронични мини-приказни кои ќе ви помогнат да се разберете себеси:

1. Еднаш имаше една млада жена. Сакаше да научи да танцува, но одеше премногу бавно кон својата цел, бидејќи беше мрзелива.
Стануваше во седум, ги будеше децата, ги носеше во училишта и градинки, ги ставаше садовите во машината, ги пружеше алиштата, трчаше до продавница, подготвуваше ручек, раскренуваше по дома... И на крајот од денот ќе легнеше во креветот воздивнувајќи: Пак не отидов да танцувам... Е навистина сум мрзлива, што да кажам!

2. Еднаш имаше една девојка. Таа немаше ни срам, ни совест. А сè друго имаше.

3. Еднаш одамна имаше една девојка. Постојано бегаше од депресија: на работа, од работа, на спорт, на учење, кај нејзиното момче. И додека трчаше еднаш така, се лизна, падна во депресија и остана таму долго време. Лежеше така и лежеше, а потоа најде сила да стане, да се врати. Така стана уметник. Оттогаш никаде не брза, туку мирно седи и слика со масло на платно.

4. Еднаш одамна живееше една девојка која мислеше дека владее со светот. И се покажа дека таа само се обидува да го контролира она што не зависи од неа.

5. Еднаш одамна живееше едно девојче со кое никој не сакаше да си игра. Тажно беше поради тоа, додека не сфати дека всушност таа не си игра со никого. И тогаш почна.

6. Еднаш имаше една девојка која мислеше дека брка мажи, цвеќиња и пеперутки. И тогаш се покажа дека тоа било само брзање.

7. Еднаш, одамна имаше една девојка, вистински пионер: секогаш подготвена, секогаш во право, секогаш прва, секогаш пример за секого. Накратко, беше многу тешко со неа…

8. Имаше еднаш една девојка која одеднаш сфати дека е среќна. Така вечерта седеше во кујната и не знаеше што да прави со таа среќа.

9. Еднаш имаше една девојка, родена грда. Плачеше и плачеше, а потоа реши да се однесува кон себе како да е убава: да се грижи за себе и да се дотерува, да си купува подароци. Така живееше, па конечно се омажи, а нејзиниот сопруг ѝ рече дека е убава и одвнатре. И никој не беше изненаден, освен неа.

10. Имаше една девојка која сакаше да се жртвува за другите. За некако да го оправда тоа, решила да се жртвува за своите најблиски и за парите, кои повторно ги потрошила на своите најблиски. И тогаш била многу навредена што нејзините најблиски не сакаат да се жртвуваат за неа. И што воопшто не сакале да се жртвуваат. Какви предавници!

11. Живееше еднаш една девојка која многу работеше, а малку спиеше. Тогаш решила да купи топло палто и скап автомобил со седишта кои греат. Излезе од дома во пет часот наутро, завиткана во топло палто, седна во својот елегантен, топол автомобил и се обидуваше да се насмее, но некако не успеа, бидејќи сè уште ѝ се спиеше.

12. Имаше еднаш една девојка која бараше шега во сè, и ја наоѓаше.

13. Еднаш имаше една девојка која постојано брзаше и брзаше. И никаде не стигнуваше.

14. Имаше еднаш едно момче. Добро ги разбираше жените, имаше многу жени низ животот. Но, еднаш наиде на една сосема неразбирлива жена. Толку несфатлива и неразбирлива, што и покрај сиот труд не можеше да стигне далеку со неа. И на крајот се ожени со неа, за полесно да ја разбере.

извор:zenskikutak