ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ЕНКЕЛЕДА ЧЕЛА Е ПРИЈАВЕНО ВО ПОЛИЦИЈА: Се оддалечила од домот во Скопје каде престојува

Добивај вести на Viber

Исчезнувањето на Енкеледа Чела е пријавено во полиција. 

Таа како што соопшти нејзина пријателка е висока 160 сантиметри, има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки и црна јакна, а на себе носела ранец.

„На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Девојката студирала на Економскиот факултет во Скопје.