ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВИКЕНДОВ - од понеделник навечер голема промена на времето

Месец март меѓу нашите граѓани се нарекува и „Баба Марта“ бидејќ важи за месец во кој времето често се менува. 

По топлите денови, синоптичарите најавуваат нов голема промена. 

- Нов влажен, но овој пат и значително постуден воздушен бран очекуваме во понеделник доцна попладне, ноќта кон вторник и во вторник – Очекуваме обилни врнежи од дожд, снег и значителна снежна покривка! - напиша Славчо Поповски, метеопрогнозер на неговата страна „Метеоаларм“.