Исповед на Анџелина Џоли: Собирав ножеви, сечењето и болката ме правеа жива и слободна!

Добивај вести на Viber

Една од најплатените холивудски актерки и амбасадор на добра волја на „УНИЦЕФ“ , Анџелина Џоли е родена на денешен ден, пред 43 години во „Градот на Ангелите“ како ќерка на актерите Џон Војт и Маршелин Бертран.

Нејзините проблеми почнале уште кога ја задевале соучениците - таа била исклучително слаба и носела огромни очила. Со лабилна самодоверба, таа почнала да се повредува себе си.

Собирав ножеви. Поради некоја причина, ритуалот на сечење и болка ме правеше жива и слободна. Тоа беше еден вид терапија за мене ", изјави Џоли, која на 14-годишна возраст се отпишала од актерските часови за да стане гробар. Покрај тоа, поголемиот дел од животот таа не зборува со својот татко, бидејќи го обвини за распадот на нејзиното семејството, а поради тоа го промени презимето од Војт во Џоли (убава).

Таа јавно беше бисексуална и уживаше во врската со нејзината колешка Џени Шимизи, но набрзо по тоа, ја освои колегата, Били Боб Торнтон. Нивната страсна врска ќе остане засекогаш запаметена по шишенцата крв што си ги разменија на свадбата, наместо бурми.

Во меѓувреме, Анџелина нижеше награди за глума, и доби Оскар за нејзината споредна улога во филмот „Interrupted“. Со вистинската слава по Лара Крофт, се појави љубовта на нејзиниот живот - Бред Пит. Целиот свет беше запрен кога се сретнаа двајцата „најубави луѓе“ на планетата. Нивната љубов беше како бајка во која многу луѓе сакаа да веруваат.

Само слеп не би ја видел хемијата помеѓу нив во филмот „Господин и г-ѓа Смит", а тоа го забележа и тогашната сопруга на Бред, Џенифер Анистон. Набргу потоа, Анџелина беше „виновна“ за нивниот растурен брак.

За нивното прво бебе, Шајло, се зборуваше дека е најочекуваното бебе по Исус и цената за неговите фотографии со славните родители достигна 10 милиони долари.

Жената која зборуваше дека најсекси се чувствува во садо-мазохистичка врска, и за која се шпекулираше дека била во инцест со нејзиниот брат, одеднаш призна дека бракот со Бред Пит ја променил.

Мислев дека бременоста не е нешто што треба да го направам. Сега не би го сменила тоа со ништо во светот. Ме научи многу за животот.“ - откри Џоли.

Бред ја запросил со дијамантски прстен од половина милион долари, а се венчале во 2012-ра година. Веќе следната година, Анџелина со масектомија ги отстрани двете дојки, бидејќи дозна дека има 87% шанси за добивање на рак. Сама, надвор од очите на јавноста, доживеа тежок медицински процес од три месеци. Претходно нејзината мајка починала од рак на јајниците, а Џоли имала тешки проблеми во бременоста, бидејќи губела тежина.

И во наредните години сите сакаа да ѕирнат во прекрасниот свет на „Бранџелина“, но се тоа се претвори во пекол.

Нашите кариери не исцрпуваат. Кога си со некој кој е исто толку зафатен како и ти, ништо нема смисла. Треба да го користите она малку време кое го имате во текот на денот за да се фокусирате на она што е важно за вас. Јас сè уште го сакам Бред, но повеќе не сум заљубена во него. Го сакаме нашето семејство што го создадовме. Бред вложува напори да направи сé што е можно ", изјави тогаш Анџелина.

Денес додека Бред Пит изгледа ја пронајде својата среќа до Нери Оксман, професорка по архитектура, Анџелина во Лондон го снима продолжението на „Maleficent" одвоена од нејзините шест деца: Бред не и дава да ги носи со неа, додека не се реши проблемот со старателството.

Сепак покрај сите бури во својот живот, оваа „фатална жена“ која полека се претвори во своја сенка, знае да се насмее и да го најде својот мир. Среќен роденден Џоли!