Исповед на Шерон Стоун: Три години не знаев да си го напишам името

Добивај вести на Viber

Исповед на актерката Шерон Стоун „Поради болеста три години не знаев да си го напишам името!“ На 43 години доживеа мозочен удар од кој се оздравува со години.

Секс симболот на 90тите, актерката Шерон Стоун (53), по пауза од година дена, минатата година повторно се врати на работа и глумеше во неколку филмови. Таа одлучи да направи пауза бидејќи на 43 години доживеа мозочен удар од кој оздравува со години.Повторно мораше да научи да оди, да пишува и чита, а вели и дека живoтот и се променил од тој ден. Се се случи во 2011 година, денес е добра, оздравува, а за тој период вели:

„Имав 5% шанси да преживеам. Кога се вратив од болница едвај можев да одам. Куковите ми беа нестабилни и не ја чувствував левата нога. Не гледав со левото око, ниту слушав со левото уво. Морав повторно да учам да зборувам, читам и пишувам. Три години не знаев да го напишам моето име“, вели актерката.

Еден од проблемите беше и губењето на меморијата, односно невозможноста да ги запамети новите информации, па и беше тешко да прифати нови улоги. Моментално може да ја гледаме во новата серија „Мозаик“.