ИСТ ГЕЈТ МОЛ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ (KOLORRUN) 2022
ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТРКАТА, ПРИЈАВЕНИ НАД 1500 граѓани
Во Скопје на 18 Септември 2022, за прв пат ќе се организира КОЛОР РАН 2022, чиј домаќин и организатор е Ист Гејт Мол и атлетскиот клуб KORRUNNERS, која ќе се одвива на патеката долж реката Вардар.
Досега на трката се пријавени над 1500 граѓани на трите потези: ТРКА УНИКА - професионална трка од 10км за спортисти со кондиција кои ќе трчаат долж реката Вардар, ТРКА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - рекреативна стаза од 2,5км која е наменета за тим билдинг, како и детска трка од 500 метри која е новитет во која се вклучуваат и најмалите деца на возраст од 3-6 и 7-12 години.
Осигурителната компанија Уника, и Комерцијална Банка се главните партнери на овие трки.
Стартот на трката ќе биде пред Ист Гејт Мол, а финишот ќе биде со трчање низ самиот центар кој дава уникатна маестралност. За сите учесници, тркачи и публика следи голема забава со диџеј, многу дружење со лотарија и вредни награди во амфитеатарот на Ист Гејт Мол.
Скопје Ист Гејт е општествено одговорна компанија чија мисија е да го унапредува стандардот на живеење, работење. Една од овие компоненти е мотивацијата за спортување и градењето на здрави навики кај луѓето. Ист Гејт Мол се јавува во улога на ко-организатор на КОЛОР РАН, која ќе прерасне во традиционална трка каде ќе може да учествуваат професионалци, рекреативци како и целото семејство.
Краен ден за пријавување е 12.09.2022, на овој линк:
https://eastgatemall.mk/event/kolorrun-2022-powered-by-east-gate-mall/
ПР објава