Моден фокус // Трендови
Иста како мама: Ќерката на Кејт Мос порасна и стана модел
Ќерката на познатата манекенка Кејт Мос, само една недела по својот 16-ти роденден заплива во светот на моделството. Лила Мос-Хак стана заштитно лице на брендот „Бјути“ на Марк Џејкобс, а на фотографиите од кампањата што ги објави на својот профил на Инстаграм, таа неодоливо потсетува на нејзината мајка на почетокот од кариерата.
Лила стана заштитно лице на новата рекламна кампања на козметичката линија на модниот дизајнер Марк Џејкобс, кој е воодушевен од нејзината убавина.
Тој веќе со години е близок пријател на семејството Мос, а првпат ја сретнал Лила во 2008-та година, кога таа имала само 6 години и била девојче со силен карактер, па многу го потсетувала на нејзината мајка.