Истражување открива: Физички неактивните лица имаат поголеми шанси од смрт од ковид
Меѓу заболените со коронавирус , претходната физичка неактивност е поврзана со многу потешки симптоми и поголем ризик од смрт, покажа студија со скоро 50.000 испитаници заразени со вирусот.
Луѓето кои не биле физички активни најмалку две години пред пандемијата, биле со поголема веројатност да бидат хоспитализирани, лекувани на одделот за интензивна нега и починале, објавија истражувачите во еден труд во британскиот весник за спортска медицина.
Како ризик за тешката форма на ковид-19, физичката неактивност била надмината само според возраста и ако некое лице имало трансплантација на орган, открива студијата.
Во споредба со другите фактори на ризик врз кои субјектите можат да влијаат, како што се пушење, дебелина или висок крвен притисок, „физичката активност е најголем фактор на ризик во сите исходи на болеста“, заклучуваат авторите на студијата.
Ризик фактори, како што се старост, машки пол, дијабетес, дебелина или кардиоваскуларни заболувања се најчесто поврзани со тешка коронавирусна болест, откриваат претходни студии.
Досега, седентарен начин на живот не беше вклучен во категоријата фактори на ризик.
За да утврдат дали недостаток на вежбање и друга физичка активност ги зголемува шансите за тешка болест, хоспитализација, прием во одделот за интензивна нега или смрт, истражувачите разгледале податоци за 48.440 возрасни лица во САД заразени со ковид-19 од јануари до октомври 2020 година , и кои претходно беа опфатени со разни амбулантски програми.
Средната возраст на пациентите била 47, а 60 проценти биле жени. Во просек, индексот на телесна маса беше 31 што е над прагот на дебелина.
Околу половина од испитаниците немале други болести како што се дијабетес, хронични белодробни заболувања, срцеви или бубрежни заболувања и карцином. Скоро 20 проценти страдале од една од овие болести, а повеќе од 30 проценти од две или повеќе.
Сите испитаници пријавиле ниво на физичка активност најмалку три пати помеѓу март 2018 и март 2020 година, како дел од амбулантските програми во кои биле вклучени.
Околу 15 проценти се опишале себеси како неактивни, што значи од 0 до 10 минути физичка активност неделно, скоро 80 проценти како „делумно активни“ со околу 11 до 149 минути физичка активност неделно, а седум проценти биле трајно активни според националните здравствени препораки со повеќе од 150 минути физичка активност неделно.
Откако го разгледале влијанието на расата, возраста и другите болести, физички неактивните луѓе со коронавирусна болест имале повеќе од двојно поголема веројатност да завршат во болница отколку оние кои биле физички најактивни. Тие исто така имале 73 проценти поголема веројатност да завршат во болнички оддели за интензивна нега и 2,5 проценти поголема веројатност да умрат од оваа болест.
Во споредба со пациентите кои биле повремено физички активни, неактивните лица имале 20% поголема веројатност да бидат хоспитализирани, десет проценти поголеми шанси да бидат примени на единици за интензивна нега и 32% поголема веројатност да умрат.
Иако врската е статистички убедлива, студија што не беше спроведена како клиничко испитување не може да се смета за директен доказ дека недостаток на физичка активност директно предизвикува различни исходи кај пациентите, истакнуваат истражувачите, додавајќи дека заклучоците и резултатите се субјективни податоци дадени од пациенти а исто така, се разгледува можноста за влијание на пристрасност.
Извор:hr.n1info.com
Фото: фрипик.ком
Корона вирус и витамин Д: Зошто ви е потребен и како помага во борбата против вируси како Ковид19