Ивана од спотот на Здравко Чолиќ имала тешко детство: Еве како изгледа и каде живее денес

Дури и Здравко Чолиќ, една од најголемите и најсакани музички ѕвезди на балканските простори, беше во сенка поради малата колешка со која заедно ја испеаја „Чаје шукарије“.

Ивана Легин стана позната ширум Балканот уште како девојче, кога со Здравко Чолиќ ја пееше „Чаје шукарије“, но тоа не е единствениот пат кога ја гледавме како уметник. Таа пред тоа веќе беше популарна, благодарение на улогата во филмот на Адемир Кеновивиќ.

„Интересно е што сопругот и јас сметавме дека Ивана не е музикална. А, до овој ангажман дојде по разговорот со Адемир Кенобиќ. И јас и сопругот бевме малку во дилема, но се сложивме со констатацијата на Адемир дека Ивана сега е ваква личност и дека тоа треба да се искористи“ - изјави Билјана, мајката на девојчето откако песната „Чаје шукарије“ беше објавена за „Yugopapir“.

Девојчето одлично си поминало додека снимало со Чола, а памети дека еден од најпопуларните музичари во Југославија го задевала поради фризурата.

„Се сеќавам на снимањето во студиото со Здравко, каде го задевав дека е девојче затоа што има долга коса. Мислам дека го промени имиџот за таа плоча, бидејќи на албумот е убаво залижан со кратка коса. Можеби мојата забелешка влијаеше“ - кажа таа во една прилика за порталот „Лола“.

Ивана денес живее во Австралија, каде се занимава со режија, продукција и маркетинг, а пред некоклу години имала можност во Мелбурн повторно да се сретне со Здравко Чолиќ, каде евоцирале спомени од убавото дружење.


Војната во Босна ја прекиналa нејзината кариера, но во Австралија остварила неколку помали улоги. Сепак, на успесите претходеле тешки денови како бегалец.

„Бегството одеше преку Белград, Загреб, Русија, па дури потоа до Австралија. Како и на сите останати кои лутаа низ светот, обидувајќи се да најдат свое катче мир и безбедност, беше немирно, несредено и нестабилно. Само што се навикнавме на едно училиште и начин на живот, се најдовме во друго окружување со нов јазик и култура. Не беше лесно, но ваквите искуства дефинитивно зајакнуваат. Малите лузни секогаш ќе бидат присутни, некогаш ќе зачешаат или ќе се воспалат, обично кога тоа најмалку го очекува. Меѓутоа, на тоа гледам како проживеан живот и кога таа лузна ќе ме зачеше само ме потсетува дека за 33 години преживеав нешто што многумина не проживеале за 90“ - истакна Ивана тогаш.