Избегнувајте ги: 7 утрински навики кои прават да се здебелиме
Јадете здраво, вежбате редовно и сè уште не можете да ги
изгубите последните 5 килограми за совршената фигура за која сонувате.
Се чини дека причината за ова може да лежи во некои од дневните утрински навики.
Еве 7 утрински навики кои веројатно ќе направат да се здебелите:
Спиете до доцна: Премногу сон предизвикува вашето тело да го произведува хормонот на стрес кортизол, што го зголемува апетитот. Сепак, и успивањето не е покорисно. Според новата студија, спиењето повеќе од 10 часа на ден може да доведе до поголем индекс на телесна маса. Лекарите препорачуваат да спиете помеѓу 7 и 9 часа.
Брз начин на живот: Премногу обврски почнувајќи од првата секунда од будењето може да ве натераат да мислите дека вашето време е ограничено. Тогаш ќе започнете да правите сè набрзина. Иако ова може да ви помогне да го оптимизирате вашето време, овој бурен дневен начин на живот може да го зголеми чувството на вознемиреност. Ова за возврат ќе влијае на вашата тежина.
Избегнувате кофеин: Кофеинот го стимулира централниот нервен систем, така што неговиот дневен внес во форма на кафе го забрзува метаболизмот за 5-8% и согорувате помеѓу 98 и 174 калории повеќе. Црниот чај, кој исто така содржи кофеин, го забрзува метаболизмот до 12%.
Недоволна сончева светлина: Можеби ова не изгледа како нешто за зголемување на телесната тежина, но постојат индикации дека сонцето помага да се активира метаболизмот во раниот дел од денот. Истражувањата покажуваат дека УВ зраците рано наутро се корисни. Тие го снабдуваат телото со енергија додека ја стимулираат метаболичката активност. Доволно е 20-30 минути дневна светлина да влијае на вашата тежина.
Јадете премалку за појадок: Научниците инсистираат на тоа дека за да ослабете, треба да се препуштите на обилен и вкусен појадок. Балансиран појадок содржи околу 600 калории чисти протеини и јаглехидрати - дозволете си лесен десерт за полесно да го следите вашиот план на исхрана за тој ден.
Заборавате да се мерите: Истражувачите од универзитетот Корнел докажаа дека дневното мерење на тежината е успешна техника за поттикнување на слабеењето. Најдобро време да стапнете на вагата е веднаш откако ќе станете наутро, пред да јадете и да пиете што било. Бидејќи слабеете навечер, наутро ќе го добиете најточниот резултат, според „Брајт Сајд“.
Не си го местите креветот: Можеби звучи чудно, но е вистина. Студија на американската фондација за спиење открива дека и луѓето кои ги подредуваат своите кревети имаат подобар квалитет на спиење. А, тоа е исклучително важно за одржување на тежината.
Можеби ќе ве интересира:
Топ 3 појадоци за жени по 30-та година: Ја намалуват тежината, ја подобруват крвната слика, ја регулираат работата на хормоните