Топ 3 појадоци за жени по 30-та година: Ја намалуват тежината, ја подобруват крвната слика, ја регулираат работата на хормоните
Ако сакаме да бидеме здрави и витки дури и по 30-та година, мора да обрнеме внимание на тоа што јадеме и како живееме.
Познато е дека жените се борат со нивниот метаболизам кога ќе ја поминат триесетата година. Затоа, многу е важно што јадете и како живеете. Брзата храна и слатките не доаѓаат предвид ако сакате здраво и витко тело.
Појадокот е најважната работа, но само кога чувствувате глад, не веднаш штом ќе ги отворите очите.
Пијте многу вода наутро („утрински туш од внатре“) и најмалку 4 чаши млака вода пред појадокот.
Избегнувајте кафе, и целосно елиминирајте ги газираните и вештачките сокови. Дури и природни, овошни сокови не се пожелни, подобро е да се јаде цело овошје.
Овошјето се јаде пред пладне, никогаш попладне и е најдобра опција за ручек.
Ви донесуваме три вида појадок што е пожелно да ги јадете по 30-та години:
1. Каша
Без разлика дали станува збор за овесна каша од цели зрна (не инстант) или каша од брашно од хељда, или едноставно палента. Сепак, најдобра опција е да зготвите жито и да додадете малку мед и цимет, неколку ореви. Овој појадок ќе го подобри варењето, ќе исфрли токсини од телото и ќе го наполни телото со железо и витамин Б.
2. Варени јајца
2 варени јајца со парче сирење и парче интегрален леб е многу пожелен и здрав појадок. Јајцата ќе го полнат телото со железо, а во исто време тие брзо и ефикасно ќе се разградат во телото.
3. Супа од коски
Можеби не можете да замислите да јадете супа за појадок, но пробајте. Оваа супа е многу ефикасна и здрава за организмот: покрај што ја регенерира 'рскавицата, таа е и ваша дневна доза на колаген. Влијае подобро на телото од сите креми за брчки кои ги нанесуваме на лицето.
Ако јадете супа за појадок, ќе забележите дека ќе треба да се испразните, веднаш по појадокот, и сметајте дека сте ги исфрлиле сите токсини од вашето тело.
Покрај исхраната, многу е важно и да се движите. За да бидете здрави, треба да пешачите 6 километри секој ден, а за да бидете витки 10 километри. Пешачењето е најздрав и најприроден вид на вежбање, бидејќи не им штети на колената и зглобовите, и го подобрува здравјето.
Бидете здрави, слушајте го вашето тело и внимавајте како се однесувате кон него.
извор: stil.kurir.rs