Здравје // Совети
ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ: Ова е поштетно од шеќерот
Ако сакате да ослабите, намалете го шеќерот и заменете го со нешто поздраво, но не со вештачки засладувачи.
Истражување на Медицинскиот факултет во Висконсин, САД, кое е направено неодамна покажува дека има поврзаност меѓу внесот на вештачките засладувачи со ризикот од гојазност и појава на дијабетес тип 2.
„Вештачките засладувачи некако го измамуваат нашето тело, па тоа „мисли“ дека внесуваме калории, а тоа може да влијае на лачење инсулин“- вели водачот на тимот на истражувањето, Брајан Хофман.
Така, препораката е да користиме природни засладувачи, а и малку шеќер дневно нема којзнае колку да и наштети на вашата линија. Но, сето тоа треба да биде умерено.
Овие додатоци се штетни и за крвотокот.