Издавачката куќа „Арс Ламина“ со повеќе од 300 нови наслови на „Саемот на книга“ во Скопје

Добивај вести на Viber

 Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде дел од „Саемот на книга“ што ќе се одржи од 8 до 14 септември во „А1 арена СЦ Борис Трајковски“, кај аквапаркот, под монтажни објекти. „Арс Ламина“ ќе се претстави со повеќе од 300 нови наслови, а попустите ќе се движат до 80 отсто.

Во рамки на саемот, издавачката куќа ќе организира 4 промоции на делата на заедничката сцена: „Курвински хроники“ од Александар Русјаков (9 септември, 19 часот), „И не биди млад мајмун“ од Велко Неделковски (11 септември, 19 часот), „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“ од Ѓорѓи Делчев и Јасмина Делчева–Диздаревиќ (12 септември, 13 часот) и „Тошо Малерот: монологија“ од Васко Тодоров (13 септември, 19 часот).
 
И покрај богатата понуда, само дел од новите наслови за децата кои се достапни на штандот на „Арс Ламина“ се: „Артемис Фаул“, серијалот „Академија за еднорози“, „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски, „Огромниот крокодил“ од Роалд Дал, серијалот „Шекспир за деца“, „Сè е во ред“ од Јасминка Петровиќ, серијалот за Кити и делата „Малата голема точка“ и „Шарам барам“ од Цане Андреевски.
 

Од книги за возрасни во жанрот фикција можат да се најдат: „Тошо Малерот: монологија“ од Васко Тодоров, „Девет“ од Славимир Футро, „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ, „Момчето од шумата“ и „Бегај“ од Харлан Кобен, првите три дела од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик и изданијата од Орхан Памук. Од делата за млади „Поларна светлина“ од Филип Пулман и серијалот „Јас сум Миа“ од Јана Мишо.
 
Книги во делот за возрасни од жанрот нефикција се: „Пандемија: Ковид-19 го тресе светот“ од Славој Жижек, „Храбри наместо совршени“ од Решма Саџани, „Мала книга за Мерилин“ од Мишел Морган и „Били Ајлиш“ од Сали Морган. Од македонските автори ќе може да се најдат и „Курвински хроники“ од Александар Русјаков, едицијата на дела на Петре М. Андреевски, „Скопјани“ од Гане Тодоровски, „И не биди млад мајмун“ од Велко Неделковски, „Бричење петли“ од Владо Димовски, „Туѓо тело“ од Владимир Плавевски и „Прес енд плеј“ („Press & Play“) од Ненад Георгиевски.
 
На штандот на „Арс Ламина“ секој ден ќе се организираат и голем број потпишувања на книги со домашни автори како Душко Трифуновски, Зоран Михајловски, Зорка Тодорова – Младеновиќ, Мартин Јованоски, Владимир Плавевски, Ненад Георгиевски, Вики Андонова, Јана Мишо, Ана Аврамовска Сиљановска, Даниел Бибовски, Моџо Килингтон, Оливија Георгиевска и Билјана Велковска.
 
Сите изданија се достапни и во сите книжарници „Литература.мк“, а попустите ќе важат и за онлајн нарачки преку веб-страницата www.literatura.mk. Согласно Протоколите за спречување на ширење на корона-вирусот на „Саемот на книга 2020“ ќе бидат обезбедени сите безбедносни мерки, поради кои саемот оваа година првпат и се одржува на отворен простор. Работното време е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот.