Изгледа одлично: Сопругата на поранешниот ракометар на „Вардар“, Тимур Дибиров прослави 45-ти роденден

Рускиот ракометар кој не сакаше да си замине од Македонија, поранешна ѕвезда на ракометниот клуб „Вардар, Тимур Дибиров беше еден од омилените играчи на македонската публика додека гордо го носеше дресот на црвено-црните.

Денес тој игра во дресот на хрватски „Загреб“, каде со својата 41 година сè уште е активен и успешен во ракометот.

Тимур е во брак со Ирина Полторацкаја, една од најдобрите поранешни руски ракометарки, и со неа ги имаат синот Мурад и ќерката Тиана.

Мурад израсна, додека Тиана се роди во Македонија, додека Дибиров имаше ангажман во „Вардар“.

Во интервјуа и на прашања за неговата сопруга, Тимур секогаш зборувал со искреност и почит.

Ирина вчера го прослави нејзиниот 45-ти роденден. Дибиров објави инстаграм стори од неговата сопруга и напиша: „Роденденка“.

Фотографија со честитка за роденденот на Ирина, објави и сопругата на ракометарот Даниел Десингер. Станува збор за Македонката, Марија Андоновска, на чија свадба Тимур и Ирина беа нивни кумови.

„Жена, мајка, кралица, кума„ Среќен роденден“, напиша Марија на фотографијата.

Ирина во нејзината кариера има освоено многу медали од сите големи натпреварувања, а во 2010 година стави крај на нејзината професионална спортска кариера.

Ирина од 2011 година е во брак со еден од најдобрите светски ракометари Тимур Дибиров.

Фото: Инстаграм