Животна училница // Приказни
„Излегувај, се запали „Пулс“ : Ново видео од пожарот во Кочани
- 27 Март, 2025 10:46

Се појави ново видео од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Додека гори плафонот, присутните не се свесни што се случува.
Во еден момент се создава паника и луѓето се упатуваат кон излезот.
„Излегувај, се запали Пулс“, се слуша на видеото.
Во пожарот кој се случи на 16-ти март во дискотеката во Кочани загинаа 59 луѓе, а над 180 беа повредени.